Дневен хороскоп за 24 март

ОВЕН 

Во текот на денот ќе решите голем број од деловните дилеми. Ве очекува и поволен период со партнерот. Заедно ќе донесете значајни одлуки за вашата иднина. Внимавајте на здравјето и проблемите поврзани со крвотокот.

БИК

Ќе решите поголем број од вашите секојдневни обврски, но во текот на денешниот ден ќе имате и поголем број можности да се одморите и опуштите од работата. Целосно ќе му се посветите на партнерот. Среќни сте кога сте заедно. Можете да очекувате поволен период на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето и бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Подобро функционирате кога сте под притисок, но и лесно доаѓате до проблеми на полето на работа. Многу од работите поврзани со колегите ве оптоваруваат. За оние кои се слободни, во текот на денешниот ден ќе имате можност да запознаете личност за сериозна врска. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.

РАК

Се ближи моментот кога ќе треба да решите што сакате да правите во животот. Дали сакате да останете на старото работно место или да премиете на ново. Ќе запознаете интересна личност и сега е поволен период за почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.

ЛАВ

Ако се занимавате со приватна работа, ќе забележите значителни успеси. Брачниот партнер ви е максимално посветен и наредниот период ви е поволен за да го поправите вашиот однос. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ДЕВИЦА 

Не ви е лесно да ги исполните очекувањата кои самите сте си ги наметнале. Подгответе се да ги прифатите и грешките како составен дел од вашата работа. Наскоро ќе запознаете нова личност во вашиот живот која ќе биде прилично важна за вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со белите дробови.

ВАГА 

Финансиската состојба ви е неповолна. Ве очекува период во кој ќе имате големи проблеми со долговите. Следува и период во кој ќе имате голем број пречки и тензии во односот со партнерот. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

СКОРПИЈА

Можно е да имате помали проблеми во комуникацијата со соработниците. Има доста тензии на работа кои ви создаваат пречки во работата. Наскоро ќе влезете во врска со личност која за кратко време ќе го освои вашето срце и ќе сакате целиот живот да го минете заедно. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е повеќе одмор и сон.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е период во кој ќе можете да остварите значителни промени на полето на работа. Фантазирате за една личност која ви се допаѓа подолго време. Денес ќе имате можност да остварите средба со неа. Внимавајте на здравјето и проблемите со несоницата.

ЈАРЕЦ

Ве очкеува поволен период за работа. Можете да се надевате на позитивни пресврти. За оние кои се во врска или брак, ве очекува бурен период. Ќе имате голем број кавги и расправии со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Зголемете ја консумацијата на витамини и минерали.

ВОДОЛИЈА 

Не очекувајте дека на ова поле ќе успеете да ги решите и да ги остварите сите ваши планови и желби. Многу од работите кои сте ги имале на ум нема да ги завршите на време. Потребно е да се дистанцирате од саканата личност за да откриете што навистина сакате и чувствувате. Внимавајте на здравјето и проблемите со кичмата.

РИБИ

Патувањето во странство би можело да ви се исплати во наредниот период. Судбината е на ваша страна. Имате одличен однос со партнерот кој досега бил искрен кон вас. Вашата врска напредува убаво. Внимавајте на здравјето и избегнувајте алкохол и разни други пороци.

 

Scroll to Top