Дневен хороскоп за 24 октомври

ОВЕН

Задоволни сте од финансиската состојба. Среќни сте покрај вашите колеги на работа и дополнително сте мотивирани да ги импресионирате вашите претпоставени. Ве очекуваат убави моменти на ова поле. Сега е вистинско време да ги решите проблемите од минатото со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и обидете се да создадате здрави навики.

БИК

Среќни сте со она што го работите. Со секој поминат ден вложувате сè повеќе енергија и труд за да ги импресионирате вашите шефови. Наскоро ќе го добиете посакуваното унапредување. Вашиот однос со партнерот е настабилен и тоа е нешто на кое треба да поработите во иднина. Внимавајте како се однесувате и какви чекори ќе преземете. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Внимавајте на носењето одлуки на работа. Брзите решенија само ќе ви донесат нови проблеми и нови главоболки. Внимавајте во односите со вашите колеги и претпоставени. Обидете се да бидете смирени во разговорите со нив. И покрај турбуленциите во односите, вашиот партнер сака да помине повеќе време со вас. Обидете се заедничките моменти да ги направите повесели и врската ќе успее. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми во бубрезите.

РАК

Големиот број обврски и проблеми од минатото ќе ви го направат денот потежок од вообичаено. Не дозволувајте да ве совлада притисокот што ви го прават вашите претпоставени. Обидете се смирено да ги решите сите пречки и работите ќе си дојдат на свое место. Немате доволно време да му посветите на вашиот партнер. Вашиот однос е на климави нозе. Обидете се на секој начин да ги поправите вашите грешки во врската. Внимавајте на здравјето и зголемете ја консумацијата на витамини.

ЛАВ

Немојте да влегувате во конфликти со вашите колеги и претпоставени. Тоа само дополнително ќе ја влоши состојбата на работа. Сконцентрирајте се повеќе и ќе успеете да ги совладате сите пречки на работа. Оние кои се слободни наскоро ќе запознаат личност со која во иднина ќе влезат во врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со срцето.

ДЕВИЦА

На добар пат сте да го импресионирате шефот на работа, но потребно е време и вложен многу труд за да успеете да го добиете посакуваното покачување на платата. Само продолжете како и досега, на добар пат сте да го добиете унапредувањето. Врската со вашиот партнер е идеална. Ви годат неговото присуство и дружење. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

ВАГА

Вашите колеги и претпоставени ве ценат затоа што сте успешни во тоа што го работите. Продолжете така и наскоро ќе добиете заслуженото покачување на платата и одмор. Постојано ги потиснувате чувствата што ги имате кон вашиот партнер. Обидете се отворено да разговарате ако сакате да напредувате во врската. Внимавајте на здравето и напнатоста во мускулите.

СКОРПИЈА

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Нервозни сте и сакате некои работи да ги смените од корен. Вашите колеги и шефови постојано ви висат над глава и создаваат непотребен притисок. Обидете се на смирен начин да разговарате и да најдете соодветно решение за секој проблем и недоразбирање. Проблемите на работа влијаат и на вашиот приватен живот. Нарушен е вашиот однос со партнерот и тоа ве прави дополнително незадовоен. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ

Потребно е да смените некои од работните навики за да им удоволите на вашите претпоставени. Во спротивно следуваат мошне непријатни моменти за вас на ова поле. Свесни сте за проблемите во вашата врска, но и покрај сите различности, сакате да бидете со партнерот. Обидете се да ги решите проблемите на мирен начин. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со инфекциите.

ЈАРЕЦ

Можни се компликации и расправии на работното место. Вашите шефови и колеги се незадоволни од начинот на кој ги вршите работите. Вашиот партнер не е задоволен од врската и му пречи вашето постојано отсуство од дома. Потребно е повеќе време да посветите на врската. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ВОДОЛИЈА

Бидете поотворени во комуникацијата со вашите колеги на работа. Заедно можете многу побрзо и полесно да го најдете решението на проблемот. Укажете им на промените кои сметате дека е неопходно да се направат во компанијата за да ги добиете посакуваните резултати. Ова е ден поволен за почеток на нова врска. Охрабрете се и почнете разговор со личноста која ви се допаѓа веќе некое време. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со очите.

РИБИ

Решени сте да го дадете максимумот на работното место. Вашите претпоставени и колеги ќе го ценат вашиот вложен труд и енергија во издигнувањето на компанијата на едно повисоко ниво. За кратко време ќе напреднете многу во фирмата. Во текот на денот ве очекуваат и голем број љубовни авантури со личност која сте ја запознале од поодамна. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со уринарниот тракт.

 

Scroll to Top