Дневен хороскоп за 25 декември

Овен 

Денес е ден  кога ќе се чувствувате осамено и ќе ви се случуваат работи за кои не сте сметале дека сте подготвени. Луѓето околу вас нема да забележат што се случува со вас и ќе сметаат дека сте расеани. За оние во брак, односите со партнерот ќе бидат вообичаени. Ќе внимавате да не влегувате во конфликтни ситуации и да не се соочувате еден со друг.

Бик 

Ќе бидете расеани, но денес е денот кога ќе сакате да направите многу работи. Но, тоа понекогаш може да се сведе на ништо. Време е да направите план и да им се спротивставите на претпоставените. Вашето молчење понекогаш може да значи и одобрување. Партнерските односи ви се добри, но тоа не е поради вас туку поради флексибилноста на партнерот. Доколку сте сами, имате многу шанси за флерт, но ништо повеќе од тоа.

Близнаци 

Нервозата од работата ја пренесувате и на партнерските односи. Вие сметате дека се однесувате коректно, но размислете дали е тоа така. Не треба секогаш нешто да кажете за да го изритирате партнерот. Некогаш и она што се премолчува може да биде причина за расправија. Време е за разговор.

Рак 

Денес бидете внимателни околу финансиите. Трошоците ви се зголемуваат, а на повидок нема нови приливи. Внимавајте и на паричникот затоа што некој може да ви го украде. Партнерските односи би можеле да бидат добри доколку премолчите некои работи. Но, вие не сакате да молчите затоа што сознанието што го имате ве прави нервозни и ве разјадува однатре.

Лав 

Завршете ја документацијата и не дозволувајте повторно да ви се натрупа. Доколку сте во брак или подолга врска, не почнувајте разговори кои не сте во состојба да ги завршите. Прво, добро подгответе го она што имате да го кажете, па потоа настапите. Може да се случи на крајот од расправијата вие да бидете виновни.

Девица 

Гледајќи се себе и своите успеси, можно е да не забележите што се случува покрај вас. Колегите едвај чекаат да направите грешка и да ги заземат вашите позиции. Денес ќе имате шанса да заработите нешто на брзина и не дозволувајте да ја пропуштите. Партнерот се труди да држи чекор со вас, но тоа тешко му успева. Престанете со критиките, не рушете му ја самодовербата.

Вага 

Чувајте си го грбот и не дозволувајте друг да ги преземе вашите заслуги. Ова е ваше време и треба да го искористите до максимум. Партнерот е ирационален и треба да му ја дадете својата поддршка. Вас ве нервира неговата таинственост, но тоа е само знак на слабост. Доколку сте сами, не предомислувајте се, туку храбро пристапете и на личноста за која сте заинтересирани.

Шкорпија 

Досегашниот пат ви беше тежок и не би сакале повторно да се соочите со ситуации што ги имавте во изминатиот период. Сметате дека ви треба поголема слобода во одлучувањето и подготвени сте да се борите за тоа. Време е да ги напуштите стегите што ве притискаа и да почнете да размислувате на друг начин. Партнерот има големи планови во кои се обидува да ве вклучи. Но, вие сте обземени со себе и не му обрнувате големо внимание.

Стрелец 

Наместо помош вие ќе добиете безброј бескорисни совети кои ќе ве разочараат. Доколку разговорот му го пренесете на партнерот, очекувајте напад и од негова страна. Ќе се чувствувате како да сте виновни за нешто што не сте го направиле. Доколку сте сами, ви се појавуваат шанси на сите страни. Но, како никој да не ја задоволува вашата потреба за рамнотежа. Забавувајте се и не размислувајте премногу во тој правец.

Јарец 

Стоите понастрана од еден колега кој смета дека сè знае. Може да ве натера да кажете нешто што подоцна ќе биде пренесено кај претпоставените. Доколку сте во брак, бидете внимателни, некоја тајна може да излезе на виделина. Слободните се во фаза кога на секој чекор можат да ја сретнат својата втора половина.

Водолија 

Сметате дека вашето однесување би ги повредило членовите на вашето семејство и затоа останувате затворени во својот свет. Денес ќе успеете да направите зделка што одамна ја посакувате. Чувството на надмоќ што ве обзема на моменти ве тера да се однесувате како да сте виновни за нешто. Бидете внимателни со претпоставените. Можно е да кријат нешто од вас. Партнерските односи се сè уште на мртва точка.

Риби 

Од една страна сакате да одите напред, а од друга страна постојано се враќате назад. Незавршените работи ви предизвикуваат стрес, а можни се и критики од колегите. Наместо бурно да реагирате, време е да се соземете и да размислите за следните чекори. Во партнерските односи се трудите да анализирате некои минати ситуации за да можете да ги испланирате идните чекори.

Scroll to Top