ОВЕН
Нетрпеливи сте и сакате да завршите одредени проекти што побрзо. Треба да разберете дека ви се потребни повеќе нерви и дипломатија во односите со колегите. Ве очекува нов ден кој ќе биде поволен за флерт и остварување нови познанства. Ќе бидете задоволни од љубовните промени. Внимавајте на здравјето и зголемете го количеството на витамини.
БИК
Потребен ви е совет за како понатаму да постапите во работата. Не избрзувајте во носењето одлуки. Тоа може да се покаже како погубно за вас. Ќе имате можност да решите голем број од проблемите кои сте ги имале во минатото. Сега е погоден момент да го стабилизирате вашиот однос. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на хронични тегоби.
БЛИЗНАЦИ
Можете да постигнете значителен успех на деловен план. Очекувајте поволен период и позитивни промени на ова поле. Ве очекува фаза во која ќе имате сериозни разговори со вашиот партнер, за тоа како да продолжите во иднина. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со штитната жлезда.
РАК
Не очекувајте поголеми промени на работа. Ситуацијата ви е стабилна и нема да имате поголеми проблеми, но ниту подобрувања. Размислувате за личност од вашето минато кон која имате силни чувства. Можно е наскоро да остварите средба. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.
ЛАВ
Поведете сметка за плановите кои ќе ги правите во иднина на полето на работа. Неопходно е да поработите на остварување на стабилна ситуација. Денес е поволен ден за љубовни промени. Ова е вистински момент да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со несоницата.
ДЕВИЦА
Соработниците од вас ќе побараат совет. Подготвени сте да им помогнете и целосно да ѝ се посветите на работата. Личноста која ви се допаѓа ќе ви пружи шанса да ѝ се приближите. Можете да се надевате на почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со хормоните.
ВАГА
Ве очекуваат драстични промени на деловен план. Можете да се надевате на позитивни пресврти. Ви се допаѓа личност која е зафатена или на некој начин е во комплицирана емотивна врска. Внимавајте на здрајето и проблемите со штитната жлезда.
СКОРПИЈА
Се чувствувате под голем притисок и не ви е лесно да излезете на крај со обврските кои ве чекаат. Ќе имате голем број кавги со вашиот партнер и чувствувате потреба да ѝ ставите крај на вашата врска. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на мигрената.
СТРЕЛЕЦ
Нервозата која ја чувствувате може да биде некој лош предзнак за тоа што ве очекува. Ве очекува период кој ќе ви донесе голем број деловни проблеми. Можно е да посакувате крај на љубовната врска, затоа што немате повеќе исти чувства кон партнерот. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на нервите.
ЈАРЕЦ
Можни се проблеми во комуникацијата со блиските соработници. Ќе имате голем број компликации на работа. Сакате да ја обновите комуникацијата со некоја личност од вашето минато. Имате потреба да се смирите и да разјасните голем број од работите. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
ВОДОЛИЈА
Ќе ви се случат промени на полето на работа кои ќе ви дојдат како изненадување. Ве очекува период во кој ќе имате проблеми со вашиот партнер. Постојат одредени ненадминливи пречки меѓу вас. Внимавајте на здравјето: би било пожелно да посетите забар.
РИБИ
Можете да очекувате изненадувачки пресврт на полето на работа. Пред вас е период во кој многу е веројатно дека ќе го промените работното место. И на љубовен план ве очекуваат многу промени. Како позитивни така и негативни. Со здравјето немате никакви проблеми. Одлично се чувствувате.