Дневен хороскоп за 25 февруари

Овен

Многу сте вредни и подготвени сте да дадете максимум на работа и да остварите позитивни поместувања напред. Потребно е да бидете малку поотворени во комуникацијата со партнерот. Водете сметка околу хроничните проблеми.

Бик

Можно е да не оди се онака како што сте очекувале, но состојбата може да се смени на подобро, и тоа побрзо од што мислите. Сакате да го поправите својот однос со саканата личност, но ви се чини дека таа нема желба. Здравјето е добро.

Близнаци

Ги исправате грешките од минатото кои сте ги правеле, бидејќи сте биле брзоплети. Можно е да не сте сигурни во одлуките кои сте ги носеле во претходниот период. Пред вас е фаза која ќе биде променлива. Проблеми со притисокот.

Рак

Опкружени сте со работните проблеми од сите страни. Добрата вест е што имате доволно сила во себе сето тоа да го пребродите. Ве очекува период во кој се можни позитивни промени на љубовен план. Пределот околу градниот кош е чувствителен.

Лав

Ќе имате прилика да го менувате работното место. Очекувајте некои добри понуди. Се надевате на средба со саканата личност. Односот ви е променлив во последно време и сакате тоа да го поправите. Проблеми со желудникот.

Девница

Ќе покажете дека можете да ги остварите своите соништа, и покрај оние кои не веруваат во вас. Имате доверба во вашиот партнер и ве очекува убав ден со него. Поволен период за љубовно планирање. Одморајте повеќе.

Вага

Може да се каже дека генерално сте задоволни со околностите во кои се наоѓате, и не сакате промени. Ви се допаѓа личност која често ја среќавате во вашето опкружување или во вашето соседство. Можна е вознемиреност.

Скорпија

Доколку имате некоја дилема, подобро би било да ја слушате вашата интуиција. Вашето внатрешно чувство никогаш не ве изневерило. Пред вас е убав период за почеток на нова врска. Можни проблеми поради надуеност.

Стрелец

Потрудете се да се посветите на работата и обврските кои ги имате пред себе. Може да очекувате малку потежок ден. Често претерувате со караниците со саканата личност, па ќе го кажете и она што не го мислите. Можна е покачена температура.

Јарец

Можно е од вас да се бара повеќе посветеност на работното поле. Не сте сигурни кои се вашите граници. Сакате да ѝ приредите некое убаво изненадување на саканата особа. Заљубени сте и убаво ви е. Внимавајте на крвниот притисок.

Водолија

Можни се мали компликации кои нема да можете да ги решите сами. Можно е партнерот да се оддалечува од вас, а вие го пуштате. Сметате дека ќе се врати сам, доколку искрено ве сака. Проблеми поради стрес.

Риби

Имате шанси да ги исправите грешките кои сте ги правеле и да докажете дека сте подготвени максимално да се посветите на работата. Пред вас е поволен ден. Може да очекувате ново, интересно познанство. Проблеми поради синусите.

Scroll to Top