Дневен хороскоп за 26 декември

Овен 

И покрај аргументите што се на ваша страна, вие ќе немате поддршка од соработниците. Ќе одбиваат да ве сослушат. Мора да бидете поубедливи. Сите овни денеска ги очекува изненадувачка одлука. Во ваша корист е да не реагирате бурно.

Бик (21.04 – 21.05)

Денеска е ден кога некој ќе се обиде да ве измами. Морате да бидете внимателни. Следете ги чекорите на работното место и мудро заобиколувајте ја темата или ситуациите кои не ви се по волја. Партнерот би можел да има проблем поради ваквата одлука.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денеска за сите близнаци на работното место ќе се случат промени. Ќе се појави ситуација што ќе ве изнервира, но не смеете да реагирате бурно. Вашиот партнер може да ви најде разни замерки.

Рак (22.06 – 22.07)

Потребни ви се точни информации со цел да ја дефинирате деловната соработка. Во љубовта нема потреба да ги потиснувате своите чувства или намери.

Лав (23.07 – 22.08)

Доволно сте способни да ги надминете просечните мерила. Секогаш постои добар начин да го усреќите или израдувате саканото лице.

Девица (23.08 – 22.09)

Некој во вас ја поттикнува креативната енергија и ви дава дополнителна мотивација за работа. Изгледате шармантно и привлечно за партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Тежнеете да им оставите добар впечаток на соработниците. Не грижете се,добро ви оди. Опуштете се во друштво на саканото лице и уживајте во светот на интимата.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве погодува нечие неправедно однесување. Обидете се да го избегнете конфликтот. Претерано размислувате за тоа што ви кажало саканото лице. Опуштете се малку.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Искористете ги вашите манири за постигнување деловен успех. Искористете го доброто емотивно претчувство за остварување на зацртаните цели.

Јарец (22.12 – 20.01)

Премногу лично и трауматично ја доживувате ситуацијата на љубовен план. Опуштете се малку. Соминтелни сте и премногу го анализирате однесувањето на партнерот. На работа потребно ќе биде малку да се забрзате, за да постигнете сè.

Водолија (21.01 – 19.02)

Искористете ја самодовербата со цел да дојдете до некој договор кој одамна го посакувате. Не проверувајте го нетрпението и емотивната наклонетост на партнерот. Можно е разочарување.

Риби (20.02 – 20.03)

Соработниците очекуваат да прифатите некои одредени отстапки. Не правите компромис лесно. Послушајте ја својата интуиција и ќе се најдете на вистинското место во вистинкото време.

Scroll to Top