Дневен хороскоп за 27 октомври

ОВЕН

Имате желба да напредувате во компанијата во која работите и ќе дадете сè од себе за да го импресионирате вашиот шеф и колеги. Искористете го поволниот период и ќе успеете. Обидете се со вашиот партнер да имате искрен и отворен разговор и работите ќе се дојдат на своето место. Ќе уживате во заедничките моменти. Внимавајте на здравјето.

БИК

Големиот број проблеми кои ви надвиснале на глава во изминатиот период, сега ќе излезат на површина. Побарајте помош од колегите и обидете се да ги решите. Вашиот партнер целосно ви е посветен и убаво ви е кога сте заедно. Ако сте слободни пред вас е поволен ден за нови познанства. Внимавајте на здравјето и проблемите со хормоните.

БЛИЗНАЦИ

Сега е моментот да го покажете целиот потенцијал пред шефот и колегите. По подолг период ќе го добиете посакуваното унапредување и покачување на платта. Вашиот партнер ќе ви покаже дека можете да се потпрете на него во секој момент. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.

РАК

Доаѓа период во кој ќе сакате да оставите добар впечаток пред вашите надредени. Ќе ви се укажат можности за напредок, а на вас останува да ги искористите. Сакате максимално да се опуштите пред саканата личност. Знаете дека пред неа можете да бидете свој и дека не морате да глумите. Внимавајте на здравјето и дишните патишта.

ЛАВ

Наскоро ќе ви се укаже можност да влезете во нов бизнис. Иако сте задоволни од сегашната позиција во компанијата, чувствувате дека ви се потребни нови предизвици. Очекувајте во наредниот период да запознаете нова личност со која ве очекува заедничка иднина. Внимавајте на здравјето. Склони сте кон дебелеењето.

ДЕВИЦА

Во наредниот период ве очекуваат многу непријатни ситуации на работа. Внимавајте како се однесувате со вашите шефови и колеги. Обидете се на смирен начин да ги надминете сите недоразбирања. На емотивен план сте чувствителни и подготвени сте искрено да разговарате со вашиот партнер за иднината. Внимавајте на здравјето и нискиот притисок.

ВАГА

Сега е идеален момент да почнете со свој сопствен бизнис. Обидете се да ги реализирате идеите кои сте ги имале од претходно и нема да се разочарате. Очекувајте и средба со личност кон која сте имале силни чувства во минатото. Обидете се да се покажете во најдобро светло. Ве чека заедничка иднина. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е сон.

СКОРПИЈА

Доаѓа период во кој ќе ви се укажат голем број можности за да го добиете унапредувањето во компанијата во која работите. По подолг период ќе можете да го подобрите вашиот статус пред колегите. Пред вас е поволен период и на полето на љубовта. Вашиот партнер е задоволен од вас и ужива во заедничките моменти. Со здравјето сè е во ред.

СТРЕЛЕЦ

Разочарани сте и повеќе не сакате да работите за вашиот шеф. Неостварените цели ќе ве обесхрабрат да носите понатамошни одлуки во компанијата. Обидете се да бидете смирен и повторно ќе им се вратите на успесите. Следува неповолен период на полето на љубовта. Честите кавги и расправии со вашиот партнер, полека ќе ве оддалечуваат еден од друг. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат убави моменти на работа. Како награда за одличните резултати ве чека деловен пат, на место кое долго време посакувате да го видите. Искористете ги слободните моменти да уживате. На љубовен план работите се идеални. Вашиот партнер секој ден сè повеќе покажува силни чувства кон вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

ВОДОЛИЈА

Големиот број проблеми и нерешени случаи на работа, ќе ве принудат да почнете да работите поорганизирано. Морате да почнете да ги планирате работите за да покажете резултати пред вашите надредени. Убаво во е со вашиот партнер и сакате да поминете колку е можно повеќе заедно. Внимавајте на здравјето и проблемите со дигестивниот систем.

РИБИ

Следуваат тешки моменти на работа. Ќе имате многу проблеми со вашите колеги. Обидете се да бидете смирен и да разговарате со низок тон. На крајот работите ќе си дојдат на своето место. Компликации ќе имате и со вашиот партнер, но со отворен разговор, полека работите ќе почнете да ги решавате. Ве очекува поволен период во иднина. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на кашлица.

 

Scroll to Top