Дневен хороскоп за 28 декември

Овен 

Денес е денот кога треба да донесете голема одлука. Надминете ја колебливоста и прифатете ја одговорноста за вашите постапки. Обидете се да избегнувате несогласувања и кавги со мажи.

Бик (21.04 – 21.05)

За биковите денес е денот кога ќе сретнете лице со полиберални сфаќања. Треба да ги прифатите предизвиците што ви ги нуди денот. Потребна ви е акција, но треба да внимавате да не си нанесете физички повреди.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денеска е денот кога треба да добиете новостшто ќе ја подгрее вашата надеж. Досега не сте го добиле очекуваниот одговор за работата што ве интигрира. Во претстојниот ден ви следи важен разговор, за кој треба добро да се подготвите.

Рак (22.06 – 22.07)

Се наоѓате под голем притисок и ве очекуваат непопуларни мерки. Исто така, ќе бидете сведоци на жестоки расправии околу вас, за кои ќе немате многу можност да реагирате или да направите што било. Сепак, важно е да имате став и да им кажете што мислите.

Лав (23.07 – 22.08)

Никако да стигнете до целта што пред извесно време ја зацртавте. Ситуацијата неочекувано се менува, до вас ќе пристигнат некои неповолни вести. Не губете надеж, наскоро ќе пристигне добра понуда.

Девица (23.08 – 22.09)

Околу вас е хаос, а вие во тоа слабо се снаоѓате. Стагнирате на местото каде што сте во моментот, но не губете ја надежта. Сето она што се случува има своја причина. Најдете време за партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува разговор со надреденото лице. Ќе добиете понуда која на прв поглед нема да ви биде примамлива, сепак, доколку ѝ обрнете внимание, долгорочно ќе ви се исплати.

Скорпија (23.10 – 21.11)

Ненадејната средба ви отвора можност едно одамна воспоставено познанство да прерасне во романса. Трпеливо надминете ги можните потешкотии бидејќи итнака ќе изгледате хаотично. Пријателите и партнерот ќе ви бидат голема поддршка.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Наглиот пад на енергија ви создава нервоза и напнатост. Отворените судири на работа можат да ве извадат од колосек. Работната седина во која се наоѓате е преполна со негативни влијанија, повлечете се малку.

Јарец (22.12 – 20.01)

Пред вас е ден преполн со динамика. Вие сте на работ на издржливоста. Веќе некое време ве мачи нешто на работа, а не знаете како да му се спротивставите на тоа. Внимавајте на зборовите на партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Потребна ви е промена, но немате идеи како да ја спроведете сами, а суетата не ви дозволува тоа да му го препуштите на партнерот. Прифатете го повикот од пријателите и поминете си убаво. Негативното расположение ќе го снема.

Риби (20.02 – 20.03)

Во превирањата што се случуваат околу вас вие нема да бидете оштетени. До вас ќе пристигне интересна понуда. Прифатете ја бидејќи таа ве води до некои нови интересни активности.

Scroll to Top