ОВЕН
Очекувате многу од себе, но и од вашите соработници. Работата секогаш ви била на прво место. Чувствувате дека вашиот партнер е неодлучен за многу работи. Не ви се допаѓа слабоста која ја покажува во односот со вас. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.
БИК
Имате многу обврски и не ви е лесно да најдете ниту малку слободно време. Денес работата ви е прилично оптоварувачка. Имате силни емоции кон вашиот партнер и сакате да му покажете дека ќе бидете заедно без разлика на сè. Внимавајте на здравјето и можниот пад на имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува ден со многу дилеми. На деловен план ви недостига безбедноста. Ве очекува интересен ден со вашиот партнер. Вашиот однос полека би можел да се одвива на подобро. Внимавајте на здравјето. Би било добро да ја проверите вашата диоптрија.
РАК
Ве очекува добар ден во кој лесно ќе ги завршите сите обврски и планови кои сте ги зацртале. Доколку сте во брак, очекувајте тензичен ден. Ќе влегувате во чести расправии со партнерот, но обидете се да не паѓате премногу на провокации. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на проблемите со стомакот.
ЛАВ
Засега е најдобро да не преземате никакви одлуки, кога станува збор за работата. Сега не е време кога треба да влегувате во ризици. На љубовно поле ве очекува поволен ден. Вашиот партнер отворено ќе ви ги покаже чувствата и убаво ќе ви биде времето кое ќе го поминете заедно. Внимавајте на здравјето и зголемете ја консумацијата на витамини.
ДЕВИЦА
Потребен ви е совет за да успеете на деловен план да ги остварите позитивните чекори и промени. Ќе ви се случи ново познанство кое целосно ќе ви го промени животот. Внимавајте на здравјето и појавата на хронични тегоби.
ВАГА
Вие можете да постигнете голем успех на полето на работа. Важно е само да верувате во себе. Вашиот партнер сака да помине повеќе време со вас. Поразговарајте на оваа тема и плановите кои ги имате за во иднина. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со штитната жлезда.
СКОРПИЈА
Во моментов сте во фаза на стагнација. Тоа е нешто што не ви одговара. Длабоко во себе посакувате промени. Размислувате за вашата поранешна љубов. Личноста која сте ја сакале во минатото засекогаш останала во вашите срца. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.
СТРЕЛЕЦ
Поведете сметка на плановите што ги правите на деловен план. Можно е некои од работите да не можете лесно да ги остварите. Денес е поволен ден за љубов. Ве очекуваат големи промени. За почеток нова врска, ако постои личност која ви се допаѓа. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со несоницата.
ЈАРЕЦ
Можете да очекувате дека на деловен план ќе се потврди вашиот статус и положба. Луѓето околу вас ве почитуваат. Личноста во која сте заљубени ќе покаже дека не е рамнодушна кон вас и тоа ќе ви донесе шанса за почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со хормоните.
ВОДОЛИЈА
Очекувајте голем пресврт на работното место. Бидете подготвени да се прилагодите на промените. Можете да очекувате и да се смирите со вашиот партнер, ако во претходниот период сте имале некаква кавга. Внимавајте на здравјето и болките во грбот.
РИБИ
Можете да се надевате на целосен пресврт на новите деловни преговори, кој за вас ќе бидат од големо значење. Ви се допаѓа личноста која покажува дека не е подготвена за сериозна врска со вас. Внимавајте на здравјето и проверете го нивото на шеќер во крвта.