Дневен хороскоп за 29 август

Овен 

Имате доста чуден период пред себе кога може да се дружите или да бидете во контакт со личности за кои најпрвин ќе мислите дека не се многу значајни за да увидите подоцна дека се значајни, и тоа многу, некои пријатели може да прејдат во непријатели поради лагите што ве довеле во непријатна ситуација.

Бик

Ова ќе биде одличен ден за вас, ќе почувствувате некаква среќа, која ќе ве разнежни. Некој ќе ве потсети на убаво поминатото време во минатото, а вие ќе бидете веднаш подготвени да му се вратите на тоа време. Но, обврските и работните задачи нема да ви го дозволат тоа. Денес постои шанса да запознаете личност од која ќе зависи вашата деловна иднина.

Близнаци

Некаков проблем за кој сте мислеле дека е минато повторно ќе се појави, но вие овој пат нема многу да се ангажирате за неговото повторно решавање. Оставете им го на соработниците и колегите што немаат толку обврски, а вие расчистувајте го бирото од натрупаните документи. Ова е неповолен ден за инвестирање, земање кредит и склучување договори.

Рак

Некој договор што ве обврзува секој месец да инвестирате во нешто ви задава големи проблеми во семејството. Обидете се да го промените тоа и откажете се од помошта што досега сте му ја давале на некој пријател. Закажете деловен состанок на кој ќе бидат потцртани клучните нешта на кои треба да се работи. Ви недостига време за пријателите, најдете малку слободно време и излезете со нив.

 

Лав

Во бизнисот што го започнавте од неодамна ќе настанат некои проблеми и промени за кои ќе ви е потребна помош да ги решите. Побарајте помош од некој Бик, тој ќе ви даде совет како да излезете од непријатната ситуација. Можни се проблеми со законот, внимавајте на документите што ги потпишувате.

Девица

На вашето работно место се случуваат одредени негативни промени, внимавајте и изолирајте се од нив колку што можете повеќе. Застанете од страна и следете ја ситуацијата, не започнувајте кавга или долг разговор бидејќи можно е да го загубите кредибилитетот. Ова е малку неповолен ден за вас, затоа внимавајте на постапките. Постои можност, доколку имате сопствен бизнис, вашите вработени да ве напуштат.

Вага

Ова е среќен ден за вас во кој можете да забележите исклучителен напредок како на работното така и на приватно поле. Имате некаков план да отпатувате во странство, но тој најверојатно нема да ви се исполни. Пријателите и соработниците ќе ви понудат искрена помош, која треба да ја прифатите.

Скорпија

Изгледа дека на вашите проблеми им нема крај. Но, не грижете се, ниту еден од нив во голема мера нема да ви наштети. Обидете се некако да ја зацврстите вашата финансиска ситуација, така што ќе ги исфрлите непотребните трошоци од вашиот буџет. Некој пријател постојано ве повикува на состанок, а вие немате време за него. Променете го тоа и излезете и забавувајте се.

Стрелец

Несериозни сте во врска со некој проблем што ви се појавил, вашиот партнер е лут, а вие и понатаму несериозно постапувате. Обидете се барем да се извините и променете го однесувањето. Малите недоразбирања не вредат за во толкава мера да ви го влошат животот. Бидете поодговорни и исполнете ги ветувањата.

Јарец

Кај вас постојат некои непотребни нервози и кавги што не можете да ги надминете, а буквално без потреба ви го одземаат времето. Не фокусирајте се на проблемите и нивните корени, туку на нивните решенија, но сето тоа направете го мирно и сталожено, не е потребно толкаво емоционално залагање. Потребно е да сфатите дека во животот не оди сѐ така како што вие сте испланирале.

Водолија

Во следниот период вашите планови ќе бидат насочени кон тоа како да се одморите, но тоа нема да ви се исполни бидејќи работните обврски пристигнуваат во секој момент. Чувствувате дека некоја ваша блиска личност не е искрена со вас, но не можете да го решите тоа. Премолчете и обидете се да го одложите тој проблем за некој поповолен период.

Риби

Се одморивте, ги наполнивте батериите и сега почнувате со нова енергија и сила при решавањето на секојдневните обврски. Некој здравствен проблем ве загрижува, но вие немате на кого да му кажете. Доверете му се на семејството и побарајте поддршка. Постои можност за патување во странство каде што можно е да склучите повеќе деловни договори.

 

Scroll to Top