ОВЕН
Денешниот ден не ви е поволен за работа. Поведете сметка како ги извршувате работите и обидете се да не правите многу грешки. Ќе имате несогласувања со вашиот партнер. Не е ништо страшно. На крајот од денот ќе успеете да ги решите сите несогласувања. Внимавајте на здравјето. Имате чувствителни бубрези и бешика.
БИК
Можете лесно да ги решите сите недоразбирања со колегите кои не размислуваат како вас. Сметате дека сте погрешиле во изборот на партнерот и многу брзо и лесно ќе ја прекинете врската. Внимавајте на здравјето и посетете лекар заради редовна контрола.
БЛИЗНАЦИ
Оптеретени сте со проблемите кои не сте ги направиле по ваша вина. Ви смета неправдата и ќе направите сè за да ги доведете работите во ред. Лесно доаѓате до нови познанства кои ќе ви отворат нови можности на љубовен план. Внимавајте на здравјето и проблемите со аритмијата.
РАК
Ако сакате да ги докажете вашите способности кога е во прашање работата, побарајте од надредените можност да напредувате. Можете да ги поправите односите со партнерот ако се потрудите и поработите повеќе на комуникацијата. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето.
ЛАВ
Подготвени сте за промени кога е во прашање работата и повеќе не сакате да трпите нешто што не ви одговара. Доколку постојат било какви недоразбирања меѓу вас и партнерот, денешниот ден ви е поволен за да ги решите проблемите. Внимавајте на здравјето и болките во грлото.
ДЕВИЦА
Ќе добиете голем прилив на пари кои ќе ви го поправат расположението. Денот генерално ви е поволен за работа. Барате сигурност покрај личноста која сепак ќе ви покаже дека сепак не е вистинскиот избор за вас. Внимавајте наз дравјето. Губењето на апетитот ви е нагласен.
ВАГА
Ќе имате поддршка од вашите соработници, кој во вас гледаат пример за тоа како треба да се работи. Можете да очекувате поволен ден на работа. Ве очекува и нова љубовна авантура во која ќе уживате. Можете да очекувате позитивен ден. Внимавајте на здравјето. Сè чувствувате одлично.
СКОРПИЈА
Имате јасно зацртани цели кои ќе успеете да ги остварите ако бидете упорно и доследни во работата. Не посветувате доволно време на својот партнер. Вашиот однос ќе влезе во криза, па на крајот ќе размислувате и за развод. Внимавајте на здравјето и проблемите со главоболката.
СТРЕЛЕЦ
Можете да очекувате поволен ден на полето на работа. Ќе успеете да решите голем број од старите проблеми кои сте ги буткале под тепих. Ги кршите ветувањата кои сте му ги дале на партнерот и тоа е нешто што ве загрижува. Внимавајте на здравјето и посетете стоматолог.
ЈАРЕЦ
Можно е да ви се случат промени кои не ви одговараат. Деловната состојба ви е стабилна. Имате голем број несогласувања со вашиот партнер. Ве очекува период во кој вашиот однос ќе влезе во криза. Внимавајте на здравјето. Нервозни сте.
ВОДОЛИЈА
Пред вас е период кој ќе ви донесе нови деловни можности. Важно ви е навреме да ја препознаете вашата шанса. Доколку сте слободни, би можеле да влезете во врска со некој од кругот на вашите пријатели. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.
РИБИ
Ве очекува период во кој ќе бидете склони на носење на пребрзи заклучоци на деловен план. Партнерот ќе биде непријателски настроен кон вас. Ќе бидете разочарани од врската. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е поголем одмор.