Дневен хороскоп за 3 август

Овен

Љубов: Не ви се чини дека ситуацијата се одвива во ваша полза и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи глава. Едноставно почекајте и ќе помине.

Кариера: Ќе има такви кои ќе ве побараат за соработник или ќе ве прашаат за мислење или совет. Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје и совет: Одете таму каде што ви е добро.

Бик 

Љубов :Вашите лични односи стануваат се полиберални , а вие сте поотворени за различни идеи. Чувствувате како да се подмладувате.

Кариера: Тешко дека нешто може да ве загрози или одврати од она што го работите. Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје и совет: Посигурни сте.

Близнаци 

Љубов: И да одите чекор напред , па чекор назад , пак ќе бидете во плус , зашто знаете што сакате. Тоа ќе го препознае и другата страна.

Кариера: Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет: Одвоете го приватното од деловното.

Рак 

Љубов: Подобрувањето во личните односи ќе биде поврзано со можност за излегување на интересно место полно со ведри луѓе.

Кариера: ПОдготвени сте на промена за разлика од вашите колеги. Нив се ќе им изгледа нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет: Бидете трпеливи.

Лав

Љубов: Ако веќе толку сакате да се жалите , тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба , не на онаа со која сте во врска , зашто ќе и бидете напорни.

Кариера: Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансии , но извесно е дека решението е на повидок. Но , за тоа треба работа.

Здравје и совет: Одморете и наспијте се .

Девица 

Љубов: Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите маки и грижи . Бидете отворени и не носете предвремени заклучоци.

Кариера: Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе остави впечаток дека е мрачно. Направите се што е потребно за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет: Бидете она што сте.

Вага 

Љубов: Уште имате желба и расположение за нови љубовни авантури , а во тоа ви помагаат и пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера: Верувате дека можете повеќе и подобро . Во право сте , но не треба од себеси да барате неможни работи. И вие сте само човек.

Здравје и совет: Тргнете се од каква било негативност.

Скорпија 

Љубов: Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , а при тоа нема да ја запостават кариерата. Ќе успеете се да споите на најдобар начин.

Кариера: Еден трошок малку ќе ве вознемири , но набргу ќе воспоставите контакти со кои ќе ја развиете работата и ќе го надоместите трошокот.

Здравје и совет: Не постои совршенство.

Стрелец 

Љубов: Ако нешто ве измачувало , денеска ќе се соочите со тоа на зрел начин. Можеби нема да пеете , но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера: Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место, зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се подобруваат.

Здравје и совет: Ќе го надминете преодниот стрес.

Јарец 

Љубов: Веројатно денеска ќе се однесувате весело , како ништо да не ве мачи. Можно е излегување у луда забава без емотивни полнења.

Кариера: Ќе имате голема желба и потртеба за да ги презентирате своите способности , но се уште нема да добиете можност за тоа. Почекајте.

Здравје и совет: Продолжете да го истражувате здравиот начин на живот.

Водолија 

Љубов: Ќе ја водите саканата личност од една до друга недвижност на продажба , за да и покажете како ќе живеете еден ден заедно.

Кариера: Не е исклучено да ве пофалат или вашето знаење и стручност во една област да исплива, што ќе биде значајно за работата.

Здравје и совет: Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Риби 

Љубов :Убавиот развој на личните односи ќе ве поттикнат да го надополните со нова идеја за излегување , каде добро ќе си поминете.

Кариера : Ви се чини дека компанијата во која работите е малечка . Сакате нешто поголемо , но за тоа е потребна поголема одговорност од ваша страна.

Здравје и совет: Сепак имате доволно слобода.

 

Scroll to Top