Овен
На деловен план се обидувате да ги пролонгирате работите кои ги имате планирано да ги направите во текот на денот. На прашањето за љубовта, многу често знаете да се затворите длабоко во себе и да ги потиснете чувствата и проблемите кои ве оптеретуваат по однос на вашата врска со партнерот. Со здравјето сè е во ред.
Бик
Не се надевајте дека ќе бидете унапреден. На деловен план ви претстојат голем број разочарувања. И на љубовно поле работите не ви се најсјајни. Во вашиот дом ќе зачестат кавгите и расправиите со вашиот партнер. Обидете се да ги решите проблемите преку искрен разговор. Внимавајте на здравјето и проблемите со кичмата.
Близнаци
Загрижени сте од вашата финансиска состојба и како стојат работите во компанијата во која работите. Имате чувство дека не сте моќни да ги реализирате вашите идеи. На љубовно поле работите можат да се променат. Многу веројатно е да запознаете личност која би можела да биде вашиот иден партнер. Внимавајте на здравјето и избегнувајте го алкохолот.
Рак
Сите оние кои се родени во хороскопскиот знак рак, сега не е моментот да размислувате за промена на работата. Како стојат работите, ве очекува фаза на застој на полето на работа. И во љубовта работите не ви се најсјајни. Чувствувате дека вашиот партнер не покажува доволно нежност кон вас и ви се чини дека врската се движи во погрешен правец. Внимавајте на здравјето и проблемите со бубрезите.
Лав
Имате чувство дека работите се променети во вашата компанија. Забележувате промена во комуникацијата со вашите соработници. Чувствувате дека работите се движат во погрешен правец. На љубовен план чувствувате дека ви се потребни промени. Сега сте во фаза на монотонија. Пожелно е да бидете отворени за нови познанства. Внимавајте на здравјето. Подложни сте на нови тегоби.
Девица
На деловен план ви претстои бурен период со многу предизвици. За оние кои се слободни, очекувајте фаза во која лесно ќе ви се укажат шанси и можности за нова љубовна врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со тахикардијата.
Вага
Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува напредок и промени во позитивен правец. На љубовен план чувствувате дека ви е потребно време да размислите за заедничката иднина со вашиот партнер. Можни се компликации на ова поле. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на проблемите со градниот кош.
Шкорпија
За оние родени во знакот шкорпија, ви следат убави моменти на полето на работа. Во наредниот период ќе успеете да ги реализирате сите ваши планови и амбиции. Сè што е потребно е да малку трпеливост. Морате да се обидете да го промените вашиот пристап во комуникацијата со саканата личност, за да успеете да направите поубава и подобра атмосфера. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со вашите дишни патишта.
Стрелец
Не се обидувајте да влегувате во непотребни ризици кога е во прашање работата. Обидете се да ги задржите некои од безбедните деловни вложувања во бизнисот. На љубовен план чувствувате недостиг на самопочит. Не сте задоволни од вашиот љубовен живот. На здравствено поле, обидете се повеќе грижа да водите за вашите заби.
Јарец
Внимавајте додека сте на работното место. Лесно може да направите грешка која на крајот може да доведе до катастрофални последици. Поработете повеќе на вашата концентрација. Ќе имате можност да запознаете некоја личност, која искрено ќе ги покаже чувствата кон вас. На здравствено поле, потребен ви е одмор.
Водолија
Не би требало да иамте какви било промени што се однесува до работата. Следува период на стабилна состојба за сите оние кои се родени во знакот водолија. Со личноста во која сте заљубени, планирате заедничка иднина на долги патеки. Сакате да вложите уште поголема енергија за да го зацврстите вашиот однос. Со вашето здравје сè е во ред. Полни сте со позитивна енергија во себе.
Риби
Можно е во текот на денот да имате големи компликации на работното место. Не сте подготвени за решавање на проблемите кои ќе ги имате со вашите колеги и надредени. Ви пречи тоа што сте сам и немате никого покрај себе. Желни сте за љубов, емотивни промени и нови случувања во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.