Дневен хороскоп за 30 ноември

ОВЕН

Наскоро ќе ја промените работата, нешто на кое не сте се надевале. Обидете се колку е можно побрзо да се прилагодите на новите околности на ова поле. Владее напната атмосфера во вашиот дом, меѓу вас и вашиот партнер. Сè повеќе размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со колковите.

БИК

Денес не е поволен ден за носење на нови деловни одлуки. Многу е веројатно да имате некои поголеми потешкотии на ова поле. Односот со вашиот партнер полека почнува да се нарушува и чувствувате дека се ближи крајот. Внимавајте на здравјето и обидете се да ги избегнувате цигарите.

БЛИЗНАЦИ

Сакате по секоја цена да се покажете пред вашите колеги и претпоставени. Но, внимавајте. На тој начин можете да ги нарушуте односите со нив. Постои чувство на љубомора и тие ќе направат сè за да ве спречат да успеете во остварување на вашите замисли. Се обидувате да не обрнувате внимание на надворешно лице кое се обидува да се вмеша во вашата врска. Верувате дека љубовта постои само меѓу вас и вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со вашето грло.

РАК 

Притисок ви прават вашите колеги и шефови и не знаете како да се справите со ситуацијата. Влегувате во кавги и расправии и за најмали ситници. Обидете се да не паѓате на провокации и смирено да разговарате. Не ви се допаѓа ставот кој го има вашиот партнер за односот и плановите за во иднина. Подгответе се за бурни кавги и расправии. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со јајниците.

ЛАВ

Постојано влегувате во конфликти со вашите колеги на работа. Постојано покажувате некои лични фрустрации. Обидете се да останете смирен и полека разговарајте, како би ги решиле сите проблеми и недоразбирања. Не умеете на вистински начин да ги покажете вашите чувства и делувате нервозно пред вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е поголем сон.

ДЕВИЦА

Сметате дека е дојдено време за да ја смените вашата деловна стратегија. Околностите на работа се променети и потребно е и вие да се одвикнете од некои работи. Потребна ви е поголема флексибилности во комуникацијата со вашиот партнер. Постојано се расправате и влегувате во непотребни кавги. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.

ВАГА

Денес е поволен ден за вас што се однесува на работното поле. Сè ви оди од рака и генерално се чувствувате задоволни од сработеното. Ќе имате можност да одберете личност која најмногу ви се допаѓа. На вас останува да ја искористите шансата и да влезете во нова љубовна авантура. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на кашлица.

СКОРПИЈА

Немојте премногу да се надевате на поддршката на вашите колеги на работа. Бидете подготвени поголемиот дел од одговорноста да ја превземете на себе. Претерано сте склони на кавги и расправии со вашиот партнер. Полека чувствувате дека тој се оддалечува од вас и дека се ближи крајот на врската. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со црниот дроб.

СТРЕЛЕЦ

Се наоѓате пред нова важна одлука која ќе одлучи во кој правец ќе се развива вашиот живот. Можеби ќе ви се укаже можност за промена на работното место. Меѓу вас и вашиот партнер постојат одредени проблеми кои останале нерешни од претходниот период. Обидете се на мирен начин да ги расчистите сите нејаснотии во врската. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

ЈАРЕЦ

Имате финансиски проблеми кои од ден во ден ве оптеретуваат се повеќе. Следува неповолен период за вас на ова поле. Можно е да не можете да остварите врска со личност која ви се допаѓа, затоа што таа не е слободна. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со стресот.

ВОДОЛИЈА 

Се обидувате да ги завршите сите работи на време, но секогаш постои нешто што дополнително ве забавува на ова поле. Можено е да влезете во некаков конфликт со вашиот партнер за некои ситни работи кои не ви се толку важни во животот. Внимавајте на здравјето и проблемите со вкочанетоста.

РИБИ

Потребна ви е поддршка од колегите за да можете да ги остварите вашите замисли и проекти на кои сте посветени веќе подолго време. Искористете го моментот и прифатете секаква поддршка. Чувствителни сте и секој кажан збор на вашиот партнер силно ве погодува и прави да се чувствувате непријатно. Внимавајте на здравјето и проблемите со заморот.

 

 

 

 

Scroll to Top