ОВЕН
Ѕвездите ви се наклонети на полето на работа. Ќе оставите добар впечаток за време на разговорот за работа или деловен состанок, кој би можел да биде од клучна важност за вашата деловна кариера. Ќе ви се отвори можност за ново познанство со личност која ќе покаже дека има силни чувства кон вас. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да посетите лекар, заради редовна контрола.
БИК
Доаѓаат времиња во кои значително ќе ви се подобри вашата финансиска состојба. Денешниот ден ќе ви биде поволен на финансиско поле. Искористете ја шансата за нова љубовна средба. Би можеле наскоро да влезете во нова врска. Внимавајте на здравјето и обидете се да ги промените вашите лоши навики.
БЛИЗНАЦИ
Работата ве оптоварува и тешко ви е да ги усогласите вашите приватни и деловни обврски. Не ви е лесно ниту да признаете што чувствувате кон личноста кон која имате силни емоции. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на консумацијата на течности.
РАК
Иако моменталната состојба не ви е сјајна на полето на работа, обидете се да не губите надеж. Има можност за целосен пресврт на работите. Сакате да го подобрите односот со вашиот партнер, за да може врската во иднина да напредува. Внимавајте на здравјето. Вашето расположение осцилира одвреме-навреме.
ЛАВ
Немате никакви грижи кога е во прашање работата. Пред вас е солиден ден во кој работите ќе се одвиваат онака како што сте планирале. Ви се допаѓа личност која не е слободна или некоја која има скриени намери кон вас. Здравствената состојба постепено ви се подобрува.
ДЕВИЦА
Натрупани сте со проблеми на работа и не гледате излез. Некои од соработниците би можел да ви се најде за помош. Искористете ја неговата поддршка. Со партнерот полека ќе почнете да ги решавате проблемите кои сте ги имале во вашата врска. Работите ќе се движат кон подобро. Внимавајте на здравјето и иритацијата на кожата.
ВАГА
Ќе ви биде потребно многу енергија за да успеете да ги завршите сите деловни обврски во текот на денот. Можно е често да сте склони кон расправии со вашиот партнер. Постојат многу тензии во вашиот однос. Внимавајте на здравјето и обидете се да бидете помалку стресни.
СКОРПИЈА
Потребно е да покажете дека можете да соработувате со поголем број луѓе и да имате способност на прилагодување на работите. Можни се нагли промени во односот со личноста кон која имате силни чувства. Лесно би можело да дојде и до кавги. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на непцата.
СТРЕЛЕЦ
Не сакате да се откажете од вашите желби и зацртани цели. Обидете се да останете смирени и сталожени и на крајот од денот ќе успеете во изнаоѓањето решенија за сите проблеми на работа. Можно е вашиот партнер да покаже незадоволство во вашиот однос, но вие не сте подготвени да се промените. Внимавајте на здравјето. Склони сте на инфекции.
ЈАРЕЦ
Можни се мали компликации кои ќе ги решите полесно отколку што мислите. Избегнувајте претерано нервирање. Можно е да дојде до прекин на врската со вашиот партнер, па макар и привремена. Внимавајте на здравјето и проблемите со урогениталниот тракт.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува поволен ден во кој на деловно поле ќе остварите значителен напредок. Не сте сигурни како да се поставите на полето на љубовта. Не ви е лесно да ги прочитате намерите кои ги има вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Склони сте на алергии.
РИБИ
Ќе ви биде потребно многу време за да успеете да почнете со работата која сте ја осмислиле. Време е да почнете да размислувате за промена на однесувањето кое го имате кон вашиот партнер, кој покажува незадоволство веќе некое време. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.