Дневен хороскоп за 4 декември

Овен 

Ќе успеете да решите некој од големите проблеми. Станувате значително поодлучни во своите барања, особено кога знаете дека ја поседувате сета потребна документација за некој случај кој многу ве интересира. Здравјето ви е одлично.

Бик 

Можни се вонредни приходи или добивки на кои не сте сметале. Имате големи планови во врска со работата поради кои би морале често да патувате. Ве очекува средба со една многу интересна и харизматична личност која ќе ве заинтригира. Можна е појава на алергија.

Близнаци 

Една личност од вашето деловно опкружување ќе ви каже нешто што не ви одговара, или ушто полошо, ќе направи нешто што не ви одговара. Ќе имате прилика да склучите многу добар договор за некоја работа. Ви претстојат позитивни промени во љубовта. Склони сте кон дебелеење.

Рак 

Многу сте активни на работа, подготвени сте да преземете некои од новите обврски. Внимавајте што потпишувате, особено ако се работи за некоја работа со близнаци. Можна е романса на работа со лице кое површно го познавате или кратка авантура. Пад на имунитетот и мала настинка.

Лав

Покажувате голема упорност и издржливост во ситуација во која многу би потклекнале. Можете да очекувате поволен исход од некоја тешка ситуација. Ќе го привлекувате вниманието од лицата кои ви се допаѓаат. Внимавајте, чувајте се од промаја.

Девица 

Ќе мора да прифатите некои од новите обврски, да решите некое прашање поврзано со вашиот статус или да ја средите документацијата на работа. Внимавајте да не ви избега некој важен детаљ. Ви претстои интересна средба. Добро се чувствувате.

Вага 

Сакате да направите пресврт во животот, но морате малку да почекате. Постојат многу нешта кои се уште не ви се познати, а за вас би можеле да бидат и негативни доколку не знаете како да постапите. Почекајте случувањата да започнат да се одвиваат сами по себе, без оглед за кој сегмент од животот се работи. Можна е вртоглавица.

Скорпија 

Имате впечаток дека сте под притисок да направите нешто што би сакале да го избегнете. Од вас се очекува иницијатива на работа. Ќе имате прилика да се сретнете со некое лице кое долго не сте го виделе, а кое во емотивна смисла многу ви значи. Проблеми со бубрезите.

Стрелец

Внимавајте да не ве измами една риба или рак или внимавајте да не им ветите нешто што всушност не сте во состојба да го исполните. Донесувате одлука под влијание на некои други близнаци. Односите во љубовта не се баш онакви какви што очекувате, поради што и сами сте виновни. Обрнете му малку повеќе внимание на вашето здравје.

Јарец 

Проширете го кругот на пријатели. Се наоѓате во ретко поволен период за многу прашања, особено ве сака среќата во поглед на финансиите. Во љубовта ве очекуваат позитивни случувања и би било добро да покажете малку повеќе иницијатива. Внимавајте на можни незгоди.

Водолија

Бидете внимателни во врска со деловните потези, особено ако имате намера да изработите нешто брзоплето. Вашата концентрација не е сјајна, а вие по многу прашања сте прилично наивни. Би требало максимално да им се посветите на вашите лични потреби и вниманието да го насочите на вашето здравје и физичката кондиција.

Риби 

Финансиската ситуација се средува. Станувате далеку поприлагодливи и поподготвени за соработка со оние кои до неодамна ве нервираа. Имате потреба да искажете се што очекувате и тоа понекогаш го правите на ваша штета. Партнерот е подготвен да се впушти во беспотребна борба со вас. Во одлична здравствена состојба сте.

Scroll to Top