Дневен хороскоп за 4 март

ОВЕН 

Во текот на денот очекувајте радосни вести, што се однесува до работата. Можете да се надевате и на интересна средба со личност кон која и претходно сте имале силни чувства. Внимавајте на здравјето и обидете се да го намалите количеството на конзумација на шеќер.

БИК

Денес не е поволен ден за носење на нови одлуки кога станува збор за работата. Некои од зацртаните планови ќе бидете принудени и да ги откажете. Ви годи флертувањето, но не сте подготвени за нешто повеќе од тоа. Во овој момент не сакате нова врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволен ден во кој ќе бидете задоволни од сработеното. Финансиите ви се одлични и немате никаква причина за загриженост. Доколку постои некоја личност кон која имате некакви чувства, сега е моментот тоа да ѝ го покажете. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.

РАК

Во текот на денешниот ден ќе имате проблеми на работа. Постојано ќе влегувате во кавги и расправии со соработниците. На полето на љубов, ве очекуваат позитивни промени во односот со партнерот. Сè повеќе и повеќе се согласувате. Со здравјето сè е во ред. Полни сте со енергија.

ЛАВ

Можете да очекувате поволен ден за работа. Сега имате нови можности и шанси за нови патувања. За оние кои се со партнер, очекувајте мали проблеми во наредниот период. Внимавајте на здравјето и чувајте се од воспаленија.

ДЕВИЦА 

Потребно е да бидете директни и да ги решавате проблемите на работа на лице место. Можете да се надевате на интересно познанство кое ќе ве доведе до врска во која ќе ги исполните сите ваши очекувања. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на минлива главоболка.

ВАГА 

Во текот на денот ќе направите одлична деловна и бизнис соработка. Во наредниот преиод ве очекуваат многу поволности и стабилизација на работното место. Ви годи дружбата со личност која ви се допаѓа. Можна е авантура или нешто необврзувачко. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

СКОРПИЈА

Се обидувате да ги анализирате околностите во кои се наоѓате и да ги донесете најдобрите одлуки, што се однесува до полето на работа. Се обидувате да покажете мала флексибилности кон вашиот партнер. Не може секогаш работите да одат во насока во која вие сакате. Внимавајте на здравјето. Ве мачат внатрешни немири.

СТРЕЛЕЦ

Не е препорачливо денес да влегувате во конфликти со соработниците или претпоставените. Работите на крајот можат да бидат неповолни за вас. Дајте си себе си и на партнерот можност да се промените. Вашиот однос со време може да се развива на подобро. Внимавајте на здравјето. Можни се болки во грлото и проблеми со синусите.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат важни промени на деловен план. Ќе имате можност да ги покажете и докажете вашите способности и талент. Можно е да сте разочарани од партнерот. Повремено размислувате и за прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Би ви годела диета.

ВОДОЛИЈА 

Повеќето од проблемите кои сте ги имале во минатото ги имате решено. Ве очекува мирен период на полето на работа. Пред вас се љубовни промени кои ќе ви донесат задоволство во животот. Ве очекува и силно поволен период за љубов. Внимавајте на здравјето. Денес сте многу чувствителни.

РИБИ

Не ви е лесно да излезете на крај со потешкотиите кои и се појавиле на ова поле. Не сте отворени кон вашиот партнер. Можно е да имате многу проблеми во комуникацијата. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со несоницата.

 

 

 

 

Scroll to Top