Дневен хороскоп за 5 декември

ОВЕН

Во наредниот период целосно ќе се посветите на работата. Подготвени сте да се докажете пред вашите шефови и колеги. Ќе ја освоите новата личност која спонтано ќе се појави во вашиот живот. Идниот партнер ќе ви биде некој од вашето блиско опркужување. Внимавајте на здравјето и проблемите со вкочанетоста.

БИК

Ќе бидете задоволни од решенијата кои ќе ги донесете на деловен план. Ве очекуваат позитивни денови на полето на работа. Можно е саканата личност едноставно да не ви го овозможи сето она што сте го посакувале. Внимавајте на здравјето и проблемите со циркулацијата на крвта.

БЛИЗНАЦИ

Верувате во себе и во вашите способности и знаете дека можете да стигнете далеку. Судбината ќе ви биде наклонета во наредниот период на полето на работа. На љубовен план, можно е некои работи од минатото да испливаат на површина. Дознајте колку можете повеќе за минатото на вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и одморајте повеќе.

РАК

Дојдено е време за промени кога е во прашање работата. Ве очекуваат голем број нови пресврти. Ве очекуваат позитивни случувања во односот со вашиот партнер. Вашата врска би можела да се стабилизира во наредниот период. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично во вашата кожа.

ЛАВ

Прилично сте нервозни и тоа се одразува на одлуките кои ги носите на работа. Избегнувајте брзо да носите одлуки. Ако сте слободни, денес ви следи ново познанство кое ќе биде од прилично значење за вас. Внимавајте на здравјето. Ве следат хронични проблеми.

ДЕВИЦА 

Време е да застанете зад вашите принципи и ставови на деловен план. Не се откажувајте од борбата. Пред вас е поволен период за љубов. Ако ги признете вашите искрени чувства, ќе ви биде возвратено со иста мерка. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на исхраната.

ВАГА 

Подгответе се за нови проблеми на полето на работа. Во текот на денешниот ден ќе ви требаат многу нерви за да се изборите со сите потешкотии. Успешно ќе ги надминете сите конфликти кои сте ги имале во односот со вашиот партнер. Обидете се што повеќе да правите компромиси. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на проблемите со стомакот.

СКОРПИЈА

Наскоро ве очекува нова деловна соработка. Ќе бидете задоволни од новите понуди кои ќе ви бидат ставени на маса. Ако имате партнер, ќе сакате да воведете некоја иновација во вашата врска. Подготвени сте за експериментирање. Внимавајте на здравјето и проблемите со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ

Многу од работите кои сте ги планирале не се одвиваат според планот на полето на работа. Ќе бидете незадоволни на ова поле. Наскоро ве очекува интересно познанство кое може да се претвори во врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми поврзани со грлото.

ЈАРЕЦ

Пред вас е период во кој судбината ќе биде на ваша страна. Деловните проблеми ќе можете да ги решите многу лесно. Ќе бидете среќни, задоволни и исполнети покрај личноста која ви е многу драга. Ова е добар ден за водење љубов. Внимавајте на здравјето. Склони сте кон дебелеењето.

ВОДОЛИЈА 

Важно ви е сите информации кои ќе ги добиете на работа добро да ги изанализирате. Заљубени сте и подготвени сте на полето на љубовта да направите компромиси се со цел да најдете заедничка среќа со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на очите.

РИБИ

Можете да очекувате дека ќе добиете можност да ги реализирате сите деловни идеи на кои веќе подолго време работите. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска која може да ја одржите и на далечина. Подготвени сте за такво нешто. Внимавајте на здравјето. Склони сте на депресија.

 

 

Scroll to Top