Дневен хороскоп за 5 февруари

ОВЕН

Многу од вашите колеги нема да бидат воодушевени од ставот кој ќе го покажете на работа. Внимавајте кога разговарате со нив и обидете се смирено да ги решавате проблемите. Повеќе не сакате да ги толерирате проблемите кои ви ги создава партнерот. Чувствувате дека се ближи крајот на врската. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е повеќе одмор.

БИК

Разочарани сте од состојбата на работа. Понекогаш сте зачудени од однесувањето на вашите колеги и начинот на кој тие ја вршат работата. Подготвени сте за нова врска. Искористете ја секоја можност за флертување. Ѕвездите ви се наклонети на ова поле. Внимавајте на здравјето. Би ви годела медитација.

БЛИЗНАЦИ

Обидете се да бидете сконцентрирани на работата и обврските кои ги имате во текот на денот. Најмала грешка, може да биде кобна за вас. Полека се ближи крајот на врската со вашиот партнер. Чувствувате дека сте подготвени за почеток на нова љубов во вашиот живот. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

РАК

Можете да очекувате важни случувања на работа во текот на денот. Ќе доживеете важна промена и вест која ќе направи пресврт во вашата кариера. Ситуацијата со вашиот партнер би можела да се промени на подобро, но вие сте тој кој мора да го направи првиот чекор за да се придвижат работите. Внимавајте на здравјето и проблемите со забите.

ЛАВ

Во текот на денот подгответе се за нова соработка на деловно поле. Ќе бидете задоволни од исходот и склучениот договор. Подготвени сте да му покажете на партнерот што чувствувате. За оние кои се слободни, потребно е храбро да влезете во новата љубовна врска. Внимавајте на здравјето. Би ви годел мал тренинг.

ДЕВИЦА 

Подгответе се за проблеми кои ќе ви се случат на работното место. Обидете се доволно да се сконцентрирате и работите да ги решавате најдобро што можете и во ваш интерес. Оние кои се слободни, може да ви се случи флерт со личност која е зафатена. Внимавајте на здравјето и проблемите со крвотокот.

ВАГА 

Можете да се надевате на нова деловна понуда. Ќа настанат интересни промени на ова поле. Во моментов имате мали недоразбирања со партнерот и не сте сигурни како да ги решите. Внимавајте на здравјето. Подложни сте на настинки.

СКОРПИЈА

Можете да имате мали компликации и стресни моменти на работа. Некои проблеми ќе ви се случат наеднаш и нема да знаете како да се извлечете. Не сте сигурен дали сакате да влезете во нова врска. Внимавајте на здравјето и проверете го нивото на шеќер во крвта.

СТРЕЛЕЦ

Денес ви е поволен ден за решавање на проблемите кога е во прашање работата. Можете да очекувате нечија помош на ова поле. Во моментов сте во криза кога е во прашање љубовта. Размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на нозете.

ЈАРЕЦ

Можете да се надевате на стабилна ситуација на работното поле. Работите ги држите под контрола и нема да ги почувствувате ситните проблеми. Тешко ги покажувате чувствата и некако ви е лесно да се затворите во себе отколку да бидете искрени кон партнерот. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на бубрезите.

ВОДОЛИЈА 

Доколку успеете да ги остварите промените кои ги планирате, ќе остварите огомен успех. Ви се чини дека не можете да ги исполните сите очекувања кои ги има вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и чувајте се од алергии.

РИБИ

Во моментов сте во една пасивна фаза кога станува збор за работата. Не планирате поголеми промени на ова поле. Можно е вашиот партнер да не е искрен кон вас. Полека доаѓате до нови сознанија за него, кои можат да ви ја нарушат врската. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

 

 

Scroll to Top