Дневен хороскоп за 5 ноември

ОВЕН

Вашите претпоставени ќе бидат задоволни од тоа што сте го постигнале во изминатиот период. За одлично завршената работа ќе добиете награда. Можеби зголемување на платата или, пак, унапредување во подобра работна позиција. Се чувствувате убаво покрај вашиот партнер. Во иднина уште повеќе ќе го подобрите и зацврстите вашиот однос. Внимавајте на здравјето и начинот на исхрана. Можно е да имате засилен апетит.

БИК

Ќе успеете во намерите да се покажете пред вашите колеги и шеф и да ги остварите потцртаните цели. На крајот од денот ќе бидете задоволни од сработеното. На љубовно поле ќе имате голем број можности за со партнерот да ја испланирате вашата иднина. Ве очекуваат многу убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на умор.

БЛИЗНАЦИ

Во текот на денешниот ден ќе имате проблеми во комуникацијата со вашите колеги и претпоставени. Внимавајте како се однесувате. Обидете се работите да ги решите со смирен тон. Партнерот ви влева доза на несигурност. Чувството на љубомора кое се јавува кај вас се зголемува од ден во ден. Сакате да ставите крај на врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со циркулацијата на крвта.

РАК

Денес не е поволен ден за вас кога е во прашање работата. Ве чекаат голем број разочарувања. Но, не предавајте се во напорите да ги остварите целите. Ве очекува интересна средба со личност која во иднина би можеле да влезете во врска. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со мускулите.

ЛАВ

Сега е моментот да се покажете пред колегите и шефот. Искористете ја наклонетоста на ѕвездите и дајте сè од себе во остварување на замислената идеја. На крајот од денот ќе ја добиете заслужената награда за вложениот труд и постигнатиот успех. Со партнерот ќе имате одлична комуникација во наредниот период. Односот ви се развива во добар правец. И со здравјето немате никакви проблеми. Сè е во најдобар ред.

ДЕВИЦА

Ќе имате многу среќа на полето на работа. За одлично завршената работа ќе добиете пофалби од колегите и шефот. Не е исклучена и можноста за покачување на платата. Подготвени сте максимално да му се посветите на вашиот партнер. Сакате вашата врска да успее и да ја унапредите во иднина. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на болки во колената.

ВАГА

Ќе имате потешкотии во извршувањето на задачите на работа. Нема да ви биде лесно поради постојаните пречки кои ви ги прават колегите. Не откажувајте се предвреме и истрајте до крај во извршување на обврските. Можно е во скоро време да добиете унапредување. Постојано кај вас се јавува чувство на љубомора кон вашиот партнер. Тоа негативно се одразува на вашата врска. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте го алкохолот.

СКОРПИЈА

Денес е поволен ден за разговор со вашите надредени. Кажете им ги вашите идеи и замисли и покажете дека сте подготвени за подобра соработка. Нема да зажалите. Ќе бидат импресионирани од вашиот потенцијал. Партнерот ќе ви покаже дека е подготвен за врска на едно повисоко ниво. Убаво му е со вас и сака и во иднина да бидете заедно. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Сега не е моментот за носење важни одлуки. Очекувајте мали загуби и штета за веќе донесените решенија. Денешниот ден не ви е поволен кога станува збор за работата. Повеќе немате чувства кон вашиот партнер и сакате да ставите крај на врската. Чувствувате дека најдобро е секој од вас да продолжи по својот пат. Внимавајте на здравјето и проблемите со желудникот и стомакот.

ЈАРЕЦ

Пред вас е одличенд ден кгоа е во прашање работата. Ќе имате можност да ги остварите сите ваши замисли и да ги импресионирате колегите и шефот. Ако сте слободни, очекувајте во наредниот период ново познанство со личност која во блиска иднина ќе влезете во врска. Внимавајте на здравјето и проблемите со грбот.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат убави моменти со вашите колеги и претпоставени. Им се допаѓаат вашите идеи и замисли за тоа како вие мислите дека треба во иднина да функционира компанијата. За тоа ќе следи голема парична награда и унапредување. За оние кои се во брак, може да очекуваат подобрување на односот со партнерот. Внимавајте на здравјето. Склони сте на инфекции.

РИБИ

Ве очекува поволен ден кога станува збор за работата. Сега е моментот за носење важни одлуки или стартување на нови проекти или соработки. Ве очекува и нова љубов. Личноста која неодамна сте ја запознале ќе се заљуби во вас и ќе ве направи среќен. Ве очекуваат многу убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето и проблемите со зглобовите.

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top