Дневен хороскоп за 6 март

ОВЕН 

Ќе имате многу проблеми на работа кои ќе ви предизвикаат големи стресови. Нема да знаете како да излезете на крај. Секогаш сте искрени кон партнерот и секогаш сте подготвени отворено да разговарате за сите проблеми кои ги имате во врската. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со нискиот притисок.

БИК

Морате да поведете сметка на работите кои сте ги оставиле недовршени. Завршете ги на време, затоа што во спротивно ќе имате многу компликации. Сеуште не сте сигурни дали сакате сериозна врска или само авантура со личноста која во моментов ви се додворува. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Потрудете се да барем за кратко одложите некои од важните одлуки кои треба да ги донесете. Денот не е нималку поволен за носење важни одлуки. Ви се допаѓа одредена личност, која засега не покажува интерес за вас. Затоа се чувствувате дека немате среќа во љубовта. Внимавајте на здравјето и проблемите со коските и кичмата.

РАК

Не сте подготвени за носење на конечни одлуки. Затоа, засега, пожелно е некои состаноци да ги одложите на неопределено време. Ќе имате можност и да го поправите односот со вашиот партнер, со кого сакате да имате искрен и стабилен однос. Подготвени сте за компромиси. Внимавајте на здравјето и конзумирајте повеќе течности.

ЛАВ

Денес е неповолен ден за вас, што се однесува до полето на работа. Обидете се да не превземате ништо и не влегувајте во било какви ризици. Во спротивно целата работа може да се заврши на ваша штета. За оние со партнер, наредниот период искористете го за разговор и носење на важни одлуки. Внимавајте на здравјето и холестеролот.

ДЕВИЦА 

Не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате на работа. Подготвени сте да направите сериозни промени на ова поле. Не сакате да го игубите партнерот и затоа се согласувате на некои работи кои не ви одговараат. Внимавајте на здравјето и редовно проверувајте го крвниот притисок.

ВАГА 

Постојано сте под притисок и работата само ви создава стрес во секојдневниот живот. Покажете му на вашиот партнер дека сте подготвени на компромиси. Ќе имате можност во следниот период значително да го подобрите вашиот однос. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

СКОРПИЈА

Ќе ви се отвори можност да напредувате на работа. Можете да се надевате на поволен период на ова поле. Не се надевајте на сериозна врска. Наредниот период не е поволен кога се однесува на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето. Веднаш посетете лекар за да направите контрола.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Финансиски сте покриени и среќни сте во тоа што го работите. Но, не е сè така идеално во љубовта. Немате доверба во партнерот кој покажува чудни сигнали. Внимавајте на здравјето. Во наредниот период би ви годела физичка активност.

ЈАРЕЦ

Ги имате надминато сите проблеми од минатото. Успешни сте во вашата работа и задоволни сте од постигнатото. Имате стабилен однос со партнерот и среќни сте во врската. Внимавајте на здравјето. Поведете сметка на проблемите кои можат да се појават со вашиот желудник.

ВОДОЛИЈА 

Наскоро ќе ви се укаже можност да го добиете посакуваното унапредување. Имате стекнато доверба во деловното опкружување и работите се одвиваат позитивно за вас на ова поле. Потребно е повеќе време да му посветите на партнерот. Го имате занемарено поради работата. Внимавајте на здравјето и болките во пределот на вратот.

РИБИ

Снаодливи сте и подготвени да ги реализирате сите ваши идеи. Ќе дадете сè од себе за да дојдете до успех. Ќе имате можност да ја запознаете личноста која во вас ќе разбуди силни чувства. Ќе имате среќа на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е одмор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top