Дневен хороскоп за 6 октомври

Овен

Сакате да ризикувате и може да очекувате дека некои мал ризик ќе ви се исплати денеска. Пред вас е нова прилика за познанство од кое ќе бидете задоволни на долги патеки во иднина. Водете сметка околу грбот.

Бик

Доколку се занимавате со приватна работа, можно е да не ви биде сосема лесно да ги решите проблемите од минатото. Во односот со брачниот партнер постои голема доза на напнатост која не можете лесно да ја решите. Добро се чувствувате.

Близнаци

Среќни сте затоа што сте ги постигнале целите на ова поле. Очекувајте промени и нови случувања. Ви се допаѓа личност која на некој начин е дистанцирана и ретко сте во контакт со неа. Стомакот ви е чувствителен.

Рак

Поволен е период за нови случувања на полето работа, како и за промени. Посветете се на своите цели на ова поле. Можно е вашиот партнер да ги покаже чувствата за кои не сте ни биле свесни. Можни проблеми поради нервоза.

Лав

Имате многу опуштен ден. Саканата личност ќе направи се што може за да ве задржи. Вашата врска во иднина може да напредува. Ве мачи желудна киселина.

Девица

Може да очекувате нови промени кога е во прашање работата. Ќе имате пресврт кој не го очекувате. Ви пречи односот кој сте го приметиле кај саканата личност. Разговарајте. Чувствителни диши патишта.

Вага

Доста работи се неизвесни во вашето работно поле и можно е да сте прилично загрижени поради тоа. Личноста која ви се додворува ќе покаже дека искрено и значи да и посветите малку повеќе внимание. Проблеми со очите.

Скорпија

Поволен ден за нови планови и почнување на нови проекти. Посветете се на своите планови. Не знаете како да реагирате во комуникацијата со личноста која ви значи, имате некои несогласувања. Внесувајте повеќе магнезиум.

Стрелец

Подготвени сте да покажете дека сте одговорни и дека ќе дадете се од себе за да успеете да ги остварите своите амбииции. Во текот на денешниот ден ве очекува поволен период за љубов, но и за нови познанства. Мали проблеми со кожата.

Јарец

Очекувајте прилика за нова работа. Посветете се на своите планови и амбиции ако сакате да дојдете до успех. Ќе направите се што е до вас за да дојдете до подобрување на љубовно поле. Посетете лекар поради контрола.

Водолија

Склопување на нов работен договор ве очекува скоро. Ќе бидете задоволни од понудените услови. Ако сте слободни, надевајте се на позитивни околности на полето емоции. Одлично се чувствувате и полни сте енергија.

Риби

Имате многу работни обврски и не ви е лесно да се организирате на вистински начин. Потребна ви е помош. Емотивната ситуација би можела да ви биде нестабилна, особено ако веќе имате партнер. Внесувајте повеќе витамини.

Scroll to Top