Дневен хороскоп за 7 ноември

ОВЕН

Ве чека поволен период на работа. Задоволни сте од односот со колегите и вашите препоставени. Ве чекаат многу убави моменти на ова поле. Во блиска иднина очекувајте збогатување на вашето салдо. Ќе имате можност да се смирите со личност кон која имате силни чувства веќе подолг период. Во иднина очекувајте убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето и посетете нутриционист.

БИК

Не сте во можност да ги остварите зацртаните цели. Вложувате многу труд и енергија, но никако не можете да стигнете да ги реализирате вашите идеи. Ве чека период во кој ќе имате многу проблеми во комуникацијата со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Би ви годела релаксација.

БЛИЗНАЦИ

За претпоставените и колегите прифатливи се вашите идеи за тоа како да ја подобрите работата на компанијата. Сите го ценат вашиот труд и енергија за подобрување на условите и наскоро би можеле да добиете соодветна награда за тоа. Почнува да се јавува љубомора кај вашиот партнер. Не ви верува премногу. Во блиска иднина ќе се разделите. Внимавајте на здравјето и проблемите со срцето.

РАК

Можно е да добиете нова понуда за работа во текот на денот. Не двоумете се и искористете ја шансата што ќе ви се укаже. Веднаш покажете го вашиот потенцијал и на крајот соодветно ќе бидете наградени. На љубовно поле ќе запознаете личност која ќе сака да биде во врска со вас. Внимавајте на здравјето и проверете ја крвната слика.

ЛАВ

Обидете се да ги решите сите проблеми и задачи кои ви останале нереализирани од минатиот период. Нека види шефот колку сте амбициозни и на крајот од месецот ќе добиете покачување на платата. Ви следат убави моменти на полето на работа. Не сте задоволни од односот со вашиот партнер. Размислувате да ја прекинете врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со варењето на храната.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од работното место и сакате промени. Не сте задоволни од начинот на кој шефот и колегите се однесуваат кон вас. Не очајувајте. На крајот работите ќе испаднат сосема во ред за вас. Ви следат убави моменти на ова поле. Имате променлив однос со вашиот партнер. Ќе имате мали проблеми во комуникацијата, но не е нешто што не може да се среди. Обидете се да разговарате и смирено да ги решите проблемите. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте ги цигарите и лицата кои пушат.

ВАГА

Ќе ви се отвори понуда за работа која ќе направи пресврт во вашиот живот. Наскоро очекувајте многу пари и деловни патувања. Кавгите со вашиот партнер ви предизвикуваат немир и стрес. Сакате да се разделите на  подолг период. Внимавајте на здравјето и зголемениот притисок.

СКОРПИЈА

Ќе дојде момент кога ќе остварите значително подобрување на вашите финансии. Очекувајте работата да тргне на подобро. Вашите шефови и колеги ќе бидат задоволни од вас и сработеното. Наскоро ќе се запознаете со личност која ќе направи пресвртница во вашиот живот. Ве чека долга врска и многу убави заеднички моменти со неа. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на несоница или нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Шефот и колеги ве прават нервозен на работното место. Не можете да се сконцентрирате на работата. Обидете се да бидете смирени и да не потпаѓате на провокации. Не му посветувате доволни внимание на партнерот. Ве чека мала криза во врската или бракот. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со нервниот систем.

ЈАРЕЦ

Промената на работата е нешто што ќе ви годи во наредниот период. Тоа е нешто што сте го посакувале долго време. Сега ќе имате можност да ги остварите вашите амбиции и да го покажете вашиот вистински потенцијал. Вашиот партнер не сака повеќе да биде со вас. Му пречи тоа што премногу сте љубоморен. Ве чекаат многу проблеми на љубовно поле. Внимавајте на здравјето и проблемите со забите.

ВОДОЛИЈА

Неодлучен сте кога е во прашање работата. Тоа негативно ќе се одрази на вас. Покажете поголема решителност во односите кон колегите и шефот. Не покажувајте страв. Стравот е нешто  што ќе го искористат против вас. Потребно е да бидете енергични и на полето на љубов. Подготвени сте целосно да ѝ се посветите на личноста кон која имате силни чувства веќе подолго време. Внимавајте на здравјето и исхраната.

РИБИ

На работа ќе ви се случат промени кои нема да бидат поволни за вас. Новата ситуација воопшто не ви се допаѓа и ќе барате работите да се вратат какви што биле претходно. Ќе имате сериозни проблеми во комуникацијата со шефот и колегите. Бидете внимателни. Се појавува и чувство на љубомора, која дополнително ќе го наруши односот со вашиот партнер. Сериозни проблеми ве чекаат и на полето на љубовта. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на камен во бубрег.

 

Scroll to Top