Дневен хороскоп за 9 април, водолиите се склони на дебелеење, за рибите поволен ден во љубовта

By

Овен

Ве очекува поволен ден на работа. Успешно ќе ги решите сите проблеми кои ги имате со вашите колеги и претпоставени. Ви се допаѓа личност со која наскоро ќе имате шанса за почеток на нова врска. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на енергијата.

Бик

Можете да очекувате позитивен исход на работите на деловен план. Денешниот ден е поволен за работа и за носење на нови одлуки. Ве очекуваат возбудливи моменти со партнерот. Односот се движи во позитивен правец. Внимавајте на здравјето. Пожелно е да почнете да се занимавате со спорт.

Близнаци

Ве очеква поволен ден за разрешување на сите деловни дилеми кои ве мачеле од претходно. Очекувајте ново познанство со личност која ќе покаже дека е заинтересирана за вас. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

Рак

Можете да се надевате дека во текот на денешниот ден ќе остварите одлична комуникација со вашите соработници. Покажувате одредени чувства кон личност за која сметате дека ви е драга. Денес е добар ден за љубов. Со здравјето сè е во ред. Не би требало да имате никакви проблеми.

Лав

Очекувајте мала штета на полето на работа. Без разлика на неповолните околности, обидете се да останете прибрани. Во вас се буди потребата со вашиот партнер да зборувате за брак, заедница и сериозни промени. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Девица

Ве очекуваат поволни околности кога е во прашање работата. Можете да сметате на успех на ова поле. Доколку сте планирале љубовни промени, во наредниот период ќе бидете задоволни од околностите. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на своите бубрези.

Вага

Ќе успеете да се посветите на важните обврски. Кога сте максимално фокусирани, работите и задолженијата ги извршувате без грешки. Ќе остварите ново познанство со личност која може да стане многу значајна за вашиот љубовен живот. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на витамини.

Скорпија

Сите планови треба да се одвиваат во очекуваниот ток. Ви следи генерално поволен период кога е во прашање работата. Партнерот максимално ви е посветен и задоволни сте од вашата врска. Подгответе се за сериозни одлуки. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на ушите.

Стрелец

Можете да очекувате нова деловна понуда. Подготвени сте за промени кои можат да се покажат како мошне значајни за вас. Немате никакви дилеми кога се во прашање вашите чувства. Можете да очекува дека убаво ќе се согалсувате со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со бешиката.

Јарец

Можете да се надевате на успех на работното поле. Во наредниот период судбината максимално ќе ви биде наклонета. Доколку ви се допаѓа некоја личност со која во минатото сте биле повеќе од пријатели, нападнете. Сега е поволен период за обнова на контактот. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.

Водолија

Ве очекува поволен период за заразботка. Можете да се надевате на позитивни деловни промени оваа недела. Убаво се чувствувате покрај личноста која ја сакате. Задоволни сте, затоа што имате и пријателски и љубовен однос. Внимавајте на здравјето. Склони сте кон дебелеење во оваа фаза.

Риби

Можно е да претерате со очекувањата кога е во прашање работата. Обидете се да бидете малку пореални. Ве очекува поволен ден на љубовно поле. Пред вас е можност на партнерот да му покажете што навистина чувствувате. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со притисокот.

 

 

Ќе ви се допадне