Дневен хороскоп за 9 јануари

ОВЕН

Доаѓа време во кое ќе се чувствувате подготвени да направите драстични промени и потези кои ќе се покажат од големо значење за вашата кариера. Ако сте слободни, очекувајте ново познанство со личност со која во иднина би можела да влезете во сериозна врска. Внимавајте на здравјето.

БИК

Задоволни сте од она што сте го постигнале на деловен план. Пред вас е поволен период на полето на работа. Личноста со која неодамна сте се запознале, во вас буди чувство на ентузијазам и надеж. Подготвени сте за нова љубовна авантура. Внимавајте на здравјето. Психички сте преоптеретени.

БЛИЗНАЦИ

Можно е работите на полето на работа да не се одвиваат онака како што сте планирале. Имате голем број причини да биде разочарани на овој план. Ќе ви биде полесно кога ќе го прифатите фактот дека односот со вашиот партнер ќе продолжи да се движи во непосакуван правец. Внимавајте на здравјето и проблемите со синусите.

РАК

Обрнете внимание на новите информации кои би можеле да ви бидат од големо значење кога е во прашање деловната состојба. Задоволни сте од односот кој го имате со вашиот партнер. Денес е поволен ден за љубов. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со крвната слика.

ЛАВ

Денес не е претерано поволен ден за работа. Постојано правите грешки и тоа е нешто што не им се допаѓа на вашите колеги и претпоставени. Тешко ви паѓа смирувањето со партнерот. Премногу сте горди за да ги признаете грешките. Внимавајте на здравјето. Избегнувајте претерано напрегање.

ДЕВИЦА 

Можно е на деловен план да имате голем број дилеми кои почнуваат да ве оптеретуваат. Меѓу вас и вашиот партнер постојат разлики, кои сè повеќе излегуваат на виделина. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со алергиите.

ВАГА 

Постојано сте преоптеретени со обврски и нема да ви биде лесно да ги завршите сите ваши деловни задачи во вистинско време. Можна е криза во односот со партнерот. Постојано влегувате во непотребни расправии. Внимавајте на здравјето.

СКОРПИЈА

Денес е идеален ден за остварување на некаква добивка. На полето на работа од ден за ден ви оди се подобро. Чувствувате дека вашиот партнер се однесува студено кон вас и полека се оддалечува. Преоптеретени сте со врската. Не сте сигурни како да продолжите понатаму. Внимавајте на здравјето. Ве прати малаксаност.

СТРЕЛЕЦ

На полето на работа очекувајте да ви се случат голем број пресврти. Вашата состојба е неизвесна и не сте премногу задоволен поради тоа. Честите расправи со партнерот ви предизвикуваат само дополнителни проблеми. Потребно е да покажете поголема подготвеност за компромис/ Внимавајте на здравјето. Имате чувствителна бешика.

ЈАРЕЦ

Обидете се да дадете сè од себе за да успеете да ги остварите деловните цели кои сте си ги зацртале. Саканата личност ги има покажано своите најдлабоки чувства и сега е време да ѝ покажете дека умеете да ја цените нејзината искреност и пожртвуваност. Внимавајте на здравјето и респираторните инфекции.

ВОДОЛИЈА 

Доколку денес се пуштите во вклучување на ризични договори, подоцна може да имате проблеми на ова поле. Не ви е лесно да го најдете партнерот кој сосема ќе ви одговара. Кај секого наоѓате по некоја маана. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

РИБИ

Препорачливо е денес да се позанимавате со обврските и проблемите кои веќе подолго време ги пикате под тепих. Денешниот ден не ви е претерано поволен на љубовно поле. Многу од работите нема да се одвиваат онака како што сте си ги зацртале. Внимавајте на здравјето. Искористете ја секоја можност за одмор.

 

Scroll to Top