Oвен
Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некој бик или скорпија. Ќе бидете нетрпеливи во работата со млади лица, иако вие всушност на нив се ослонувате. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност.
Бик
Подготвени сте на отстапки, особено кога станува збор за овен или близнаци. Во пријателските односи сте исклучително фер и подготвени сте да се жртвувате за оние кои ви се драги. Вие сте во елемент особено ако денес се одлучите да решите некои прашања што се однесуваат на големи пари.
Близнаци
Денес ќе забележите колку луѓе сакаат да бидат пријатели со вас. Тоа ќе биде така поради вашата способност за слушање кога некој зборува. Отворени сте кон туѓите идеи и не се навредувате дека некој пат никој не ги слуша вашите. Искористите ја вашата интуиција за да забележите кој меѓу луѓето има потреба од прегратка и утеха.
Рак
Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Близнаците ви даваат на знаење дека ги нервира вашата амбиција, а вам ви се чини дека за многу прашања не сте ни прашани. Треба да бидете помалку чувствителни на критика. Можна е љубоморна сцена со вашиот партнер или несогласувања со соработниците и тоа со силна причина.
Лав
Денешниот ден може да биде стресен ако не сте подготвени да се прилагодите на условите кои ви ги поставуваат близнаците, овенот или девицата. Сепак, можете да очекувате дека добро ќе поминете дури и на работа, особено ако се занимавате со уметност и уживате во својата работа. Подготвени сте да се соочите со помалите проблеми од финансиската природа на начин на кој претходно не сте биле подготвени.
Девица
На некого сте му многу драги, тоа може да е една вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и слично. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив.
Вага
Многу ви е важно што за вас мисли некој рак или некој бик. Со некој јарец тактизирате, не сакате се уште да ја испуштите шансата која се однесува на можно напредување, па ако сте незадоволни подолг период, подготвени сте да направите голем пресврт во работата.
Скорпија
Свесни сте колку е важно тоа што луѓето околу вас го мислат, но многу поважно ви е вие да бидете задоволни самите со себе. Малкумина ве разбираат и малкумина се подготвени да го направат она што вие го очекувате, особено ако сте млади и недоволно афирмирани. Трудете се да оставите што е можно подобар впечаток кај некој бик или јарец.
Стрелец
Се чувствувате добро во поголемо друштво каде вниманието е насочено кон вас и постојано се трудите некого да фасцинирате. Имате многу идеи во врска со работата со младите лица, но не сте сигурни дали ќе бидат прифатени на вистински начин од вашите колеги.
Јарец
Не треба да ги потценувате своите работни способности, но немојте ниту да се преценувате. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос. Потрудете се да ги контролирате маните. Пред вас има доволно поволни моменти.
Водолија
Колку повеќе личности запознавате, толку посреќни ќе се чувствувате. Па затоа, започнете да разговарате со колегите или познаниците со кои досега не сте си разменувале повеќе од еден обичен поздрав. Напорите кои ќе ги вложувате за проширување на друштвената мрежа, еден ден ќе ви се исплатат.
Риби
Верувате дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Ќе добиете шанса да се сретнете со некој рак во вечерните часови, можеби и со некој лав или јарец и со нив да ги поделите своите проблеми во врска со љубовта.