Дневен хороскоп за 9 ноември

ОВЕН

Вашите претпоставени и колеги добиваат убав впечаток за вас. Работливи сте и не се откажувате лесно од зацртаните цели. продолжете така и на крајот ќе ви се исплати. Следуваат убави моменти на полето на работа. Ќе ви се отвори можност и на љубовно поле. Наскоро ќе запознаете личност со која ќе имате шанса за почеток на сериозна врска. Внимавајте на здравјето. Препорачливо е да посетите лекар.

БИК

Ве очекуваат позитивни настани на деловно поле. Наскоро може да очекувате стабилизирање на финансиската состојба, а можно е и унапредување. Ве чекаат убави и романтични моменти со вашиот партнер. Вашата врска од ден во ден се повеќе се зацврстува. Внимавајте на здравјето и обидете се да ги промените лошите навики.

БЛИЗНАЦИ

Постојано сте зафатени и големиот број обврски на работа ви предизвикуваат сериозни главоболки. Се плашите да не ги разочарате вашите претпоставени, ако не ги завршите навреме задачите. Останете смирени и не се разочарувајте ако не успеете во исполнувањето на зацртаните цели. Вашите шефови ќе го ценат вложениот труд. Односот со вашиот партнер е нарушен. Не сте задоволни од врската и барате излез. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на калциум.

РАК

Ви следат убави моменти на работа. Задоволни сте од колегите и шефот кои секогаш ви излегуваат во пресрет, кога ќе заглавите со некој проблем. Сакате да ја подобрите комуникацијата и односот со вашиот партнер или симпатија. Нема потреба за никакви грижи, Ве чекаат убави моменти на ова поле. Внимавајте на здравјето и вашето расположение.

ЛАВ

Финансиски сте стабилни и немате никаква причина за загриженост. Задоволни сте од работата и вашето деловно опкружување. Ви се допаѓа и личност која неодамна покажала дека е заинтересирана за вас. Сега е моментот да ја искористите шансата за врска. Внимавајте на здравјето.

ДЕВИЦА

Не сте задоволни од работата и вашите односот со вашите колеги и претпоставени. Веќе подолг период не знаете како да се справите со проблемите. Обидете се да останете смирен и да не потпаѓате на провокации. Во блиска иднина ќе успеете да ги решите сите недоразбирања. Вашиот партнер ви покажа дека сака да биде со вас и во наредниот период може да очекувате дека вашата врска ќе напредува. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на иритација на кожата.

ВАГА

Ве чекаат многу изненадувања на деловен план. Продолжете со добрата работа, но внимавајте на колегите. Некои од нив се љубоморни на вашиот успех и нема да се колебаат да ви прават сопки на патот до успехот. Со вашиот партнер во наредниот период ќе имате мали проблеми, но ништо посериозно. Внимавајте на здравјето и обидете се да го намалите стресот.

СКОРПИЈА

Важно ви е да покажете пред вашите шефови и колеги дека сте подготвен да го дадете својот максимум на работа. Имате чувство дека сега е моментот да се покажете за да го добиете долго очекуваното унапредување и покачување на платата. Следува поволен период за оние кои се слободни. Наскоро може да очекувате дека ќе запознаете нова личност со која ќе сакате да го поминете остатокот од вашиот живот. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на забите.

СТРЕЛЕЦ

Подготвени сте да го дадете максимумот за да го постигнете она што го имате зацртано веќе подолг период. Очекувате вашите шефови да го ценат трудот и наскоро да ви ја покачат платата. Вашиот партнер сака да ја подобрите комуникацијата и односот да го подигнете на едно повисоко ниво. Ќе имате можност да поминете многу убави заеднички моменти. Внимавајте на здравјето. Склони сте на инфекции.

ЈАРЕЦ

Ве чекаат расправии и кавги со вашите колеги. Тие ви замеруваат на честите грешки кои ги правите на работа. Обидете се на смирен начин да ги решите сите недоразбирања. Покажете му на вашиот партнер дека искрено го сакате. Ако сте затворени, нема да можете да ја стабилизирате врската. Внимавајте на здравјето и проблемите со урогениталниот тракт.

ВОДОЛИЈА

Ве чека поволен ден по прашањето на работа. Наскоро може да се случи да ви ја покачат платата и да ви се стабилизира финансиската состојба. Односот со партнерот ви е нарушен. Чувствувате дека не сакате повеќе да бидете со него и размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Склони сте на алергиски реакции.

РИБИ

Не сте подготвени за промени на работа. Задоволни сте од моменталната ситуација и ќе направите сè за да ја задржите состојбата на статус кво. Вашиот партнер е разочаран од вас затоа што ги немате исполнето ветувањата кои сте ги дале од претходно. Сега е моментот да ја поправите ситуацијата. Внимавајте на здравјето и проблемите со стомакот.

 

Scroll to Top