Додека ја чистел колата нашол стар лото тикет вреден милион долари

Австралијанец од Нов Јужен Велс станал милионер откако во своето возило пронашол лото тикет стар година дена. Тикетот го пронашол додека го чистел своето возило. Кога ги проверил бројките на интернет, сватил дека освоил повеќе од милион долари.

„Среќен сум што не го фрлил ливчето со останатото ѓубре. Малку е глупаво што 414 денови заборавив на својот тикет. Можев да ги имам парите многу порано, но нема врска. Барем ги имам сега“, изјавил Австралијанецот.

Австралијанецот вели дека парите ќе ги вложи во отплата на куќата за своите деца и во образованието на своите внуци. Сопственичката на трафиката каде минатата година бил продаден лото тикетот, Шерил Такерман, изјавила дека и олеснало, додавајќи дека секојдневно кај неа доаѓале голем број луѓе за да прашаат дали победникот е пронајден.

 

 

Scroll to Top