Домашни средства против крлежи и болви

Болвите и крлежите се хранат со крвта на животните, а по убодот, вашите домашни миленици почнуваат да се чешаат и чешањето може да предизвика рани. Иако постојат ампули кои можат да ги заштитам милениците од крлежи и болви, ефикасно средство против нив може да направите и самите.

100 мл јаболков оцет помешајте со 200 мл вода, додадете лажичка сода бикарбона и лажичка сол, а потоа убаво премачкајте го со растворот домашниот миленик. Бидете внимателни во пределот на главата, вратот и меѓу нозете зашто тука кожата има помалку влакна. Особено внимавајте смесата да нема контакт со очите на миленикот.

Овој препарат делува на тој начин што јаболковиот оцет ја намалува pH вредноста на кожата на кучето и таа станува неподнослива за паразитите.

Ефикасно средство против крлежи и буви може да направите и со лаванда, лимон и рузмарин. Помешајте по малку од трите состојки и со смесата премачкајте го вашиот домашен миленик. Предноста на овој препарат е и во тоа што кучето убаво ќе мириса.

Scroll to Top