Наместо да купувате скапи препарати за отстранување на бигорот или мувлата од кадата, самите можете да направите ефикасно средство за чистење. За овој домашен спреј ви се потребни 150 мл алкохолен оцет и 150 мл детергент за садови.
Најпрво загрејте го оцетот па ставете го во шише со распрскувач. Додадете го детергентот и протресете за да се измешаат состојките. Испрскајте ја кадата и оставете да отстои 30 минути. Потоа, пребришете ја со сунѓер и исплакнете ја со топла вода.