Доналд Трамп го надмина папата Францис во октомври минатата година и сега има 52 милиони обожаватели на Твитер.
За разлика од него, папата има 47 милиони. На третото место е индискиот премиер Нарендра Моди.
Ова го покажуваат резултатите од годинашното истражување на „Твипломатија“ на компанијата „Barson Kon%Vulf“, пренесува RTCG.
Во Европа најдобро котира британската премиерка Тереза Меј, која ја следат пет милиони луѓе, додека објавата на францускиот претседател Емануел Макрон го читаат три милиони корисници на Твитер.
Далеку пред нив е кралицата на Јордан, Ранија, која со 10 милиони обожаватели, води пред државниците и политичарите во арапските земји.
Владите на само шест земји во светот воопшто не се застапени на Твитер. Лаос, Мауританија, Никарагва, Северна Кореја, Свазиленд и Туркменистан.