Два лавови спасени од Блискиот Исток заминуваат за Јужна Африка

Два африкански лавови, кои минатата година се спасени од воените зони во Ирак и Сирија, денеска се испратени во Јужна Африка, каде од сега ќе живеат.

Лавовите Саид и Симба, откако во Јордан се излекуваа од физичките и психичките трауми, со авион ќе бидат преместени во Јоханесбург.

Организацијата за заштита на правата на животните „Four Paws International“ ги спаси Саид и Симба во 2017 година од зоолошките градини во сирискиот град Алепо и ирачкиот град Мосул.

Лавовите во Јордан пристигнале дехидрирани, но таму им е укажана сета потребна медицинска нега.

Scroll to Top