Двајца италијански политичари се снимени како водат љубов во тоалетот во парламентот. Нивните имиња не се откриени во јавноста. Познато е само дека се членови на партиите на „Лига за север“ и Движењето „Пет ѕвезди“.
Биле снимени со мобилен телефон од непознато лице. Приказната во јавност ја обелоденила новинарката Романа Лиуцио, која напишала дека ѝ се познати имињата на политичарите, но нема да ги објави поради нивното право на приватност.
Франко Бекис, новинар на „Темпо“, ги опишал актерите како „двајца високи убави мажи“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека скандалот предизвикал паника меѓу пратениците во италијанскиот парламент, на кои им било забрането да даваат изјави во врска со овој настан.
Франческо ди Ува, лидерот на партијата „Пет ѕвезди“ во парламентот, наводно издал известување со кое им забранил на претставниците на партијата да разговараат за инцидентот.