Дванаесетгодишнина од смртта на Слободан Милошевиќ

Слободан Милошевиќ умрел од инфаркт во притвор во Трибуналот во Хаг, за време на судењето за воените злосторство и злосторствата против човештвото на Косово и во Хрватска и за геноцидот во Босна и Херцеговина.

Милошевиќ е однесен во Хаг со строго спроведена акција, за која знаеле само мал број на луѓе. Испорачувањето на Милошевиќ предизвикало голем број на политички конфликти и напнатост во Србија, а Демократската партија стана единствената партија, која претседателот на својата земја го има уапсено и едноставно го предаде во Хаг.

„Знаете ли дека денеска е Видовден?“, со овие зборови претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, се обратил пред полицајците кои го испратиле во Хашкиот трибунал со лисици на рацете.

Поради тоа што градските и државни власти не дале дозвола која ја барало семејството и високи функционери на Социјалистичката партија на Србија (SPS), да Милошевиќ се погреба во Белград со државни почести, тој е погребан во дворот на семејната куќа на својата сопруга Мирјана Марковиќ во Пожаревац.

По повеќечасовниот проштален говор во Белград во Пожаревац, погребот е извршен во вечерните чаосви. На погребот кој мина без верски обред, не присуствуваше никој од членовите на семејството, затоа што, како што наведуваат, не добиле доволни гаранции за нивната безбедност.

Неговата сопруга Мирјана, ја напиштила земјата на 23 февруари во 2003 година, а синот Марко змаинал веднаш откако Милошевиќ на 5 октомври во 2000 година, бил принуден да го признае поразот на изборите за претседател на земјата.

На погребот присуствуваа највисоките функционери на СПС, претседателот на социјалистите Ивица Дачиќ, како и тогашниот заменик претседател на СРС Томислав Николиќ, претседателот на руската Комунистичка партија Генадиј Зјуганов, пратеникот на Дума, Сергеј Бебурин, и генералот Леонид Ивашов, како и поранешниот американски државен обвинител Ремзи Кларк.

Телото на Слободан Милошевиќ стигнало од Хаг во Белград на 15 март 2006 година, а наредниот ден ковчегот со телото бил изложен во Музејот „25 мај“, во рамки на музејскиот комплекс во белградската населба Дедиње.

Илјадници луѓе минале покрај ковчегот. Истиот ден повеќе од десетина илјадници приврзаници на претседателот на Србија и Југославија се собраа пред Народното собрание во центарот на Белград, каде на бината бил изложен ковчегот со неговото тело.

Scroll to Top