Двогрба камила и хималајски тар се родија во скопската Зоолошка

Откако минатата недела во скопската Зоолошка се родија бебе лама и лемур, сега оттаму се пофалија дека им се родиле и двогрба камила и хималајски тар.

„Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка, но навистина имаме бејби бум во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот хималајски тар“, напишаа од  Зоолошката.

Претходно тие објавија дека првпат во зоолошката се родило бебе од видот двогрба камила.

„Бебето камила од видот Бактријан се роди пред една недела. Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе“, велат оттаму.

Претходно во скопската зоолошка се родија и три бели лавчиња, првпат по 20 години.

Scroll to Top