Едногодишно дете доби медал за гасењето пожари во Австралија

Едногодишниот Харви Китон доби медал за придонес во гасењето на пожарите во Австралија. Детето медалот го доби за време на погребот на неговиот татко Џеф Китон во Сиднеј, кој загинал за време на гаснењето на огнот.

Џеф заедно со неговиот колега Ендрју О’Двајер настрадал, откако врз нив паднало дрво. Харви за време на церемонијата бил облечен во униформа и со цуцла во устата, ја примил наградата. Дестици пожарникари се  поздравија за последен пат со својот колега Џеф, кој загинал на 32 години.

Неговиот ковчег бил ставен на пожарникарски камион. Покрај семејството, колегите и началниците на пожарникарските единици, на погребот присуствувал и австралискиот премиер Скот Морисон, кој бил жестоко критикуван поради ненавременото и несоодветно реагирање на пожарите.

Џеф Китон е еден од тројцата пожарникари што ги загубија животите во пожарите. Досега загинале повеќе од 480 милиони животни. Пожарите достигнаа толкави размери, што страшните сцени можеле да се видат и од вселената.

Scroll to Top