Едноставен трик за карминот да ви трае подолго

By

Шминкерката Кели Хана Томпсон вели дека карминот ќе ви остане подолго ако на усните најпрво ставите молив за веѓи во боја на кожа.

„Околу усните со моливот за веѓи направете бариера со која карминот нема да „протече“ и со кој ќе ги пополните нерамнините околу усните. Од моливчето нанесете и на самите усни. Потоа, усните најнормално нацртајте ги со моливот за усни, па нанесете го карминот“, вели таа.

Хана тврди дека карминот ставен на овој начин ќе ви трае неколку часа подолго отколку ако ставите само кармин на усните.

 

Ќе ви се допадне