Ефикасно домашно средство за чистење бигор од кадата

Наместо да купувате скапи препарати за отстранување на бигорот или мувлата од кадата, самите можете да напрафите ефикасно средство за чистење. За овој домашен спреј ви се потребни 150 мл алкохолен оцет и 150 мл детергент за садови.

Најпрво загрејте го оцетот па ставете го во шише со распрскувач. Додадете го детергентот и протресете за да се измешаат состојките. Испрскајте ја кадата и оставете да отстои 30 минути. Потоа, пребришете ја кадата со сунѓер и исплакнете ја со топла вода.

Scroll to Top