Ексцентрични божиќни правила на кралицата Елизабета

Бртанската кралица Елизабета II има строги правила што се однесуваат за кралското семејство за време на Божиќ. Сите членови мораат да се однесуваат по протокол и да се појават на ручек специјално организиран пред празникот. Еден меѓу повеќето чудни обичани е дека сите мораат да се измерат на вага пред божиќната прослава.

Британските медиуми пишуваат дека годинава кралицата за време на предбожќниот ручек, кој го организира секоја година, има намера да ги смири раскараните принцови Вилијам и Хари.

Главната ѕвезда оваа година ќе биде бремената Меган Маркл. Она што се очекува за Божиќ, а секако е најинтересно во целиот настан, се подароците. Членовите на кралското семејство доаѓаат на прославата со посебна вага, а подароците не се отвораат на божиќното утро. Кралицата има посебно правило и за тоа.

Подароците се отвораат на Бадник и тоа точно во шест часот попладне. Не смеат во никој случај да бидат обични подароци. Правилото е подароците да бидат луди, но и евтини. Принцот Хари минатиот Божиќ за неговата баба, кралицата Елизабета, купи капа со натпис „Нели е животот кучка“.

Кејт Мидлтон на Хари му подари прибор за одгледување девојки, но овој подарок го доби пред да биде со Меган. Останува да се види какви подароци членовите на кралското семејство ќе си разменат оваа година.

Scroll to Top