Елон Маск сака да изгради град на Марс

By

Елон Маск, директорот на компанијата SpaceX, сака да изгради град на Марс. Тој неодамна рече дека има визија да ги направи луѓето интерпланетарен вид, односно да може да живеат на двете планети. Според Маск, лансирањето на ракетата Starship, на која работи во моментов, чини 2 милиони долари, а градот на Марс за неколку години ќе стане реалност.

„За таа цел треба да лансираат околу 1000 ракети кои ќе пренесуваат инфраструктура во период од 20 години. Еден Starship во идеални услови може да лета два до трипати дневно. Ако се земат предвид функционалните летала кои транспортираат материјал, годишно може да се транспортираат до 500 тони материјал за градба“, вели тој.

Но, пред да стане место за живеење, Марс треба дополнително да се истражи, а од НАСА најавија дека тоа ќе се случи до 2024 година.

Маск и во минатото ја спомнуваше мисијата на Марс која би требала да се случи до 2024 година, иако, според експерти од оваа област, тој рок се чини како премногу амбициозен. Тие сметаат дека Маск нема да успее да изгради град на Марс ни за 50 години од сега.

Ќе ви се допадне