Ердоган во посета на папата Франциско

Папата Франциско денеска го прими турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Ватикан.

На средбата се разговарало за состојбата на Блискиот Исток и особено за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, пренесува HINA.

Ердоган бил испратен до плоштадот Свети Марко, кој од безбедносни причини бил испразнет, од каде што се упатил зад ѕидините на Ватикан.

Ова е првпат по 59 години папата во Ватикан да прими турски претседател.

Во централниот дел на Рим по тој повод 24 часа биле забранети какви било протесни собирања, а посетата ја обезбедуваат околу .3500 полицајци.

Протест од 2.000 луѓе по иницијатива на италијанското здружение на Курдите било најавено за попладневните часови.

Претседателот Ердоган допатувал синоќа во Рим, а неговата посета била закажана за вечерва. Папата, кој се залага за меѓуверски дијалог, бил во Турција во ноември 2014 година.

Ердоган за медиумите изјави дека за Турција ниту една опција не е во игра, освен полноправно членство во Европската Унија, притоа одбивајќи го францускиот предлог за партнерство.

Ердоган овие денови би требало да се состане и со претседателот на Италија, Серџо Матарело, и со премиерот Паоло Џентилони, пренесуваат агенциите.

 

Scroll to Top