Евровизија е добра за здравјето на луѓето

Британските научници дошле до откритие дека гледањето Евровизија може да биде добро за здравјето на гледачите. Ова натпреварување има телевизиска публика од повеќе од 180 милиони луѓе, па научниците веруваат во неговата моментна здравствена корист поради тоа што преносот на Евровизија се гледа во целиот свет.

Студијата спроведена од еден универзитет во Лондон потенцира дека гледањето Евровизија придонесува за тоа светот да се чини поубав и весел, пишува „Њузхаб“.

Истражувањето дошло до резултати што покажуваат дека нивото на среќа кај луѓето што го следат изборот е 10 пати повисоко од нормалните вредности во случај кога нивната земја ќе се избори за добар пласман.

Scroll to Top