Американскиот весник Financial Times го избра Џорџ Сорос (88) за личност на годината. Весникот го опиша креаторот на една од најголемите невладини светски организации како „филантроп“ на барикадите на либералната демократија, наспроти надоаѓачкиот популизам.
Во текстот за Џорџ Сорос е објаснето дека уредништвото на „Фајненшел тајмс“ обично ги бира личностите на основа на тоа што го постигнале, но во случајот со Сорос направиле исклучок и го избрале на основа на вредностите кои тој ги претставува.
Меѓународниот финансиер кој, како што пренесува „Фајненшел тајмс“, многупати било неосновано поврзано со низа измами, шарени револуции, пучеви, крвави демонстрации, смена на власти и слично, штотутку се вратил од Африка, каде што ја финансира истрагата против договорот за изградба на нуклеарка во земјата Јужна Африка.
Оваа земја склучила договор со Русија за изградба на нуклеарка, а Сорос и луѓето околу него се сомневаат за корупција меѓу тамошните власти.
„Сорос е стандарден столб на либералната демократија и отвореното општество. Оваа идеја победила за време на Студената војна. Денес е нападната од сите страни, од Русија и Владимир Путин, па о Америка и Доналд Трамп“, објаснува „Фајненшел тајмс“ во текстот.
Негативните пишувања за Сорос весникот ги нарекува антисемитски теории на заговор и отров кој долго го ослободуваат екстремно десничарските медиуми, а се појавили во мејнстрим-медиумите. Како пример се наведува тоа што Трамп го изјавил за Сорос дека го финансира караванот мигранти кој тргна од Латинска Америка за САД.
Исто така спомната и сутуацијата со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој го затвори универзитетот на Сорос во оваа земја.