Фановите ќе ја избираат најдобрата песна од Евросонг 2020

Откако организаторите на Евросонг најавија дека годинашното натпреварување нема да се одржи, Меѓународната организација на евровизиски фанови, ОГАЕ, реши да ја избере најдобрата песна за 2020 година. Тие организираат онлајн натпревар, а секој евровизиски фан ќе може да гласа за својот фаворит од оваа година. Во ОГАЕ членуваат преку 13,000 фанови од цела Европа.

Не е првпат членовите на ОГАЕ да го избираат својот фаворит. Претходни победници се Махмуд од Италија (во 2019 година) и Нета од Израел (во 2018 година).

Сите што сакаат да учествуваат во изборот за најдобра евровизиска песна за 2020 година, можат да се регистрираат на страната на ОГАЕ до 3 мај. Потоа на меил ќе добијат инструкции за гласањето.

За потсетување, Евросонг годинава требаше да се одржи во Ротердам, Холандија од 12 до 16 мај. За македонски претставник беше избран Васил Гарванлиев со песната You.

Scroll to Top