Фарските Острови поставија споменик на местото каде што загина Џејмс Бонд

На островот Калсој на Фарските Острови е поставен надгробен споменик на местото каде што загина Џејмс Бонд во филмот „Нема време за умирање“. На овој остров се снимени завршните сцени од филмот каде што Бонд (Даниел Крег) се соочува со негативецот Луцифер Сафин (Рами Малек), а потоа умира во ракетен напад.

Надгробниот споменик со натписот „Во сеќавање на Џејмс Бонд 1962-2021“ го отвори премиерот на Фарските Острови. Тој го најави како туристичка локација на која и пред поставувањето на споменикот доаѓале љубители на фимот.

„Нема време за умирање“ е последниот, петти филм во кој Даниел Крег го играше тајниот агент 007. Одлуката да се убие Бонд ги изненади гледачите и критичарите. По премиерата на филмот Крег откри дека отсекогаш имал идеја неговата верзија на Бонд да умре на крајот, а потоа ликот да го преземе друг актер.

Scroll to Top