„Фејсбук“ со нова алатка – ракетата е пуштена

Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска заврши со објавувањето на новата алатка Explore Feed до сите свои корисници.

Оваа алатка, која се крие зад иконата во форма на ракета, многу корисници ја добија пред неколку недели, а на неа се објавуваат постови за кои „Фејсбук“ смета дека за секој корисник би биле интересни.

На десктопот верзијата Explore Feed е сместена во левиот горен агол, веднаш под News Feed.

Кога е во прашање „Андроид“, фејсбук-апликацијата Explore Feed се отвора со еден клик на икончето во форма на ракета, кое се наоѓа меѓу News Feed и барањето за пријателство.

Во иос-апликацијата, пак, ова мени е малку скриено и се наоѓа во дополнителните опции на „Фејсбук“, до кои се пристапува со еден клик на икончето во форма на три линии во долниот десен агол.

„Фејсбук“ одлучи да ја воведе оваа промена за да го олесни забележувањето на објавите на вашите пријатели.

 

 

Scroll to Top