ФИФА ги покани момчињата од Тајланд на финалето на Мундијалот

Во моментов најпознатиот млад фудбалски тим на светот, момчињата кои биле заробени во пештерата на Тајланд, се повикани на финалето на Светското фудбалско првенство во фудбал.

ФИФА упатила покана до момчињата кои се на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот тренер да дојдат на финалето на Светското првенство.

Тие најверојатно мечот ќе го гледаат изолирани, изјавил секретарот од Министерството за јавно здравје, доктор Џесад Чокедамронгсок, на конференцијата за новинари.

Третиот ден од операцијата за спасување на Тајланд е извлечено и деветтото момче, а се очекуваат уште трите деца и тренерот да излезат на слобода во текот на денот.

Поддршка за дечињата пристигна од целиот свет, па дури и од фудбалерот на Барселона, Лионел Меси. Во краткото видео капитенот на Аргентина и „ѕвезда“ на Барселона како амбасадор на УНИЦЕФ вели:

“Juntos Es Possible” (Заедно сè е можно).

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, исто така се огласил и упатил отворена покана до дечињата и нивниот тренер да дојдат и како специјални гости во Москва да го гледаат финалето од Светското првенство.

Scroll to Top