Фил гладувал осум дена за празниците па добил змиско тело

By

Американскиот филмски работник Фил Флок, успеал да формира змиско тело, благодарение на контроверзната диета која ја практикувал за време на минатогодишните празници, пишува Dailymail.

Фил вели дека не јадел ништо ѝ по осум денови. Вели дека диетата која ја практикувал буквално му го преполовила телото и на крајот бил задоволен од својот изглед.

Додека работел како филмски работник, Фил вели дека имал многу малку време да си посвети на себе си. Вели дека не се грижел премногу за своето здравје и изглед. Иако имал комплекси, тој од ден во ден станува се подебел.

Минатиот пат Фил одлучил на два месеци пред прославата на најлудата ноќ во годината, да спроведе рестриктивна диета наречена „змија“. Фил осум дена не јадел ништо.

Неговите божиќни празници минале само со чај со шеќер и вода. Фил признава дека згрешил кога го земал чајот, затоа што мислел дека му понудиле диетален напиток. Наредниот ден бил исклучиво на вода.

Фил вели дека сега неговата тежина растела поради напорното вежбање. Тој ѝ понатаму смета дека треба периодично да го прочистува својот организам, практикувајќи ја диетата „змија“ и пиејќи само „змиски напиток“.

„Змискиот напиток“ се состои од вода, сол, калиум хлорид, сода бикарбона и магнезиум сулфат. Наводно помага при намалувањето на шеќерот во црниот дроб, што доведува до тоа телото да ги користи залихите масти како извор за енергија, за да може нормално да функционира.

Диетата „змија“ е многу популарна и подразбира првите три дена во организамот да не се внесуваат никакви намирници освен „змискиот напиток“. Овој напиток се конзумира на секој два часа.

Многумина експерти велат дека оваа диета е добра за дијабетис тип 2 и дека може да помогне во неговото лекување. Сепак експертите предупредуваат дека оваа диета може да биде и многу опасна.

Докажано е дека ако човекот не јаде ништо во период од 72 часа, се што има изгубено на тежина, ќе почне да го враќа кога ќе почне да јаде. Конзумирајќи дури и некои од најлесните намирници.

Фил ги занемерил ризиците и се одлучил на оваа диета, поради желбата за брзо слабеење.

„Во периодот на средношколските денови бев спортски тренер и бев во супер форма. Но, кога тој период заврши, почнав да живеам многу брзо и нездрав и јадев се што ќе ми дојдеше при рака“, вели Фил.

Пред крајот на 2017 година, Фил сватил дека мора да најде баланс меѓу својот приватен и деловен живот. Фил почнал да тренира ѝ си дал себе си два месеци за да се врати во својата стара добра форма.

Најтешкиот дел од животот Фил вели дека му биле исфрлањето на јаглен-хидратите. Вели дека обожавал да јаде лиснати и намирници направени од тесто.

Диетата „змија“ му западнала во очи, иако требало да се соочи со стриктен начин на исхрана, кој не вклучува речиси ништо. Фил вели дека му било тешко, но на крајот издржал.

„Тој период во животот ми беше најтешкиот. Додека ги гледав како моите најмили уживаа во грицкањето на чипс, јас си ги грицкав прстите“, вели Фил, кој објаснува дека најтешко му паднало тоа што луѓето почнале да го осудуваат за практикувањето на ваквата контроверзна диета.

Фил не јадел ништо три дена, а вели дека можел да издржи уште пет.

„Оваа диета ме привлече поради согорувањето на мастите наместо јаглен-хидратите и протеините. На тој начин јас добивав енергија. Знаев дека тоа е единствениот начин брзо да ги симнам килограмите“, објаснува Фил.

„Има денови кога не пиев ни вода. Тогаш бев на сува диета“, објаснува Фил, кој вели дека 80 часа бил најдолгиот период без вода.

Фил вежба секој ден ѝ сега има оформени мускули, на кои многу мажи можат да му позавидат. Тој вели дека најважно му е да ја вежба психата секој ден, додека ја практикуваа ова диета. Со секој минат ден, Фил вели дека станува се поодлучен да добие совршен изглед на своето тело.

 

 

 

Ќе ви се допадне

GoGoAnime steins gate gogoanime: Watch Attack on Titan Season 3 Episode 10 (https://gogoanime.be/m/rY1Q/ep-10)

AnimeTV anime sites: My Hero Academia 2 Episode 25