Студентот по физика Жермен Тобар смислил математички модел што може да ги реши парадоксите на патувањето низ времето, пишува порталот Unexplained Mysteries.
Патувањето низ времето е технологија што отсекогаш била централен копнеж за научна фантастика. Сепак, многу нерешливи парадокси произлегуваат во оваа идеја.
Жермен Тобар од Австралија смета дека смислил математички модел за да ги заобиколи овие парадокси.
Според него, простор-времето е способно да се приспособи на настаните што воопшто не се случуваат. Во горенаведениот пример ова може да се манифестира така што болеста да се појави и покрај напорите да се запре со враќање во времето дозволувајќи му да постои како неизбежен настан.
Класичната динамика ни кажува дека ако ја знаеме состојбата на системот во даден момент, тој може да ни ја каже целата нејзина историја, вели Тобар.
Сепак, теоријата за релативитет на Ајнштајн предвидува постоење временска јамка или патување низ времето – каде што може да се случи настан и во минатото и во иднината – теоретски, со што се претвора класичната динамика наопаку.
Се разбира, ова е целосно хипотетичко. Останува да видиме дали е можно остварливо патување низ времето.