„Форбс“ објави листа на безбедни земји за заштита од пандемијата, Македонија ја нема

Најбезбедни држави во планот за заштита од пандемијата на коронавирусот е Швајцарија, додека најопасни се Јужен Судан, покажува листата на „Форбс“.

Балканските земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, според овие параметри, се наоѓаат пред светските сили – Русија и Америка, а Македонија ја нема воопшто на листата.

„А каде се САД?“, прашува магазинот. Тие се на 58-то место, веднаш по Романија и на две позиции пред Русија, која е на 61-то место.

Што се однесува до балканските земји, на листата најдобро стои Словенија – 32 место, четири места зад неа е Хрватска, додека Црна Гора е на 42-то место. Србија пак се најде на 54 место.

Податоците се базираат на 130 квалитетни и квантитетни параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикансост на владата.

Првите места ги зазедоа Швајцарија и Германија, поради силната економија и претпазливоста за време на олабавувањето на мерките. Трето место му припадна на Израел, четврто Сингапур, петто Јапонија, шесто Австралија, седмо Кина. САД се на 58 место, а Русија на 61.

Во овој момент, според извештајот, најопасни држави се Африка, јужно од Сахара, Јужна Америка, како и некои блискоисточни земји и држави од Пацификот.

 

 

 

Scroll to Top